Црешите подобри од аспирин
Дваесет цреши имаат за 10 пати посилно дејство од една таблета аспирин, а притоа не го иритираат желудникот. Истражувањата покажале дека покрај тоа што ублажуваат болки, црешите можат да влијаат и на здравјето на коските и на спречувањето на срцевите болести и ракот.
Заштита на срцето
Црешите во нутриционистичка смисла се сметаат за важен извор на кверцетин. Овој флавоноид има силни антиокидативни својства и на тој начин помага во спречувањето на срцевите болести.
Превенција од рак
Во семките на црешите се наоѓа мала количина амигдалин, познат уште и како витамин Б17 или лаетрил, за кој се смета дека делува позитивно на намалување на туморите и спречување понатамошно ширење на ракот. Помага и при ублажување на болки предизвикани од канцерогени процеси.
Ублажување болки
Соединенијата кои се наоѓаат во црешите ги блокираат воспалителните ензими и ги намалуваат болките. Ова посебно се однесува за болките предизвикани од гихт и артритис.
Бубрежни каменчиња
Од рачките на црешите може да се приготви чај кој го поттикнува исфрлањето на урината, што е препорчливо за оние чиј организам создава каменчиња во бубрезите. За подготовка на овој чај ставете грст рачки од цреши во еден литар врела вода и варете ги две минути. Оставете го чајот дa се олади 15 минути, потоа процедете го и пијте го во мали голтки во текот на денот.
Здравје на коските
Црешите се сметаат за одличен извор на хемискиот елемент бор, кој во комбинација со калциумот и магнезиумот, кои исто така ги содржи во себе, влијае исклучително поволно на здравјето на коските.
Виталност и губење вишок килограми
Црешите се идеална намирница ако сакате да си ја повратите енергијата и добрата линија. Дури им се препорачува и на оние кои сакаат да престанат да пушат. Секојпат кога ќе се јави желба за цигара, изедете еден грст цреши. Тие се богати со влакна, витамини А, Б и Ц, содржат многу минерали, посебно калциум, железо и калиум. Секоја цреша има само по четири калории, имаат еднаква количина јагленохидрати и протеини, а воопшто немаат маснотии.