Состојки:

85 гр. путер

  • 85 гр. шеќер
  • 85 гр. темна чоколада без глутен
  • 1 лажица ракија
  • 3 јајца
  • 85 гр. мелени лешници
  • 4 излупени и исечени на половина круши

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Тава со пречник од 25 см обложете со хартија за печење, намачкајте ја со путер и посипете ја со шеќер.
Чоколадата и путерот истопете ги на пареа. Додадете им ја ракијата и оставете да се олади. Жолчките од јајцата изматете ги со шеќерот и во оваа смеса додадете ја оладената чоколада и мелените лешници. Во оваа смеса додадете ги и белките, кои претходно исто така ќе ги изматите. Ставете ја смесата во тавата за печење и врз неа наредете ги крушите. Печете 40 минути.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина