celulit_1

Истражувањето спроведено на Универзитетот Корнел, покажало дека дури 98 % од жените имаат целулит макар во најблаг облик. Количината на целулит нема врска со вишокот килограми, бидејќи го имаат и слабите девојки. Целулитот е проблем на секоја девојка, па затоа немојте да се оптеретувате, не сте единствени.

Некои жени одат на бројни третмани, додека други едноставно учат да живеат со него,бидејќи мислат дека е невозможно да се ослободат од него. Со напорна работа, тоа е возможно. Под напорно вежбање се подразбираат редовни вежби 3 до 4 пати неделно, со регулирање  на режимот на исхрана.

Ројни се причините за настанување на целулитот, но она што е сигурно е дека целулитот е масна наслага, која после некое време станува видлива. Еве неколку предлози за вежби кои се важни за совршено тело без целулит

Вежби за нозете

noze

Легнете на грб и свиткајте го коленото на левата нога. Десната нога нека биде испружена. Раширете ги рацете, вовлечете го стомакот и обидете се да издржите што е можно подолго во оваа позиција. Потоа, од оваа положба, подигнете ги колковите и стегнете го задникот, се додека вашето тело не формира рамна линија од рамената до стапалата. Потоа, направете пауза од две секунди, држете го стегнат стомакот и задникот, а потоа повторете го подиигнувањето со колковите. Истата вежба направете ја со другата нога.

Доколку оваа вежба ви е претешка, олеснете си себеси така што ќе ги подигнувате колковите и додека обете нозе ви се спуштени и свиткани во колената.

Исчекор

iscekor

Земете по еден тег за вежбање и рацете држете ги во линија со телото. Немојте рацете да ги припивате до телото, туку држете ги на мало растојание. Дланките свртете ги кон телото. Во вториот дел од оваа вежба направете исчекор со десната нога и спуштајте го телото се додека вашето лево колено не биде под прав агол. Потоа, вратете се во почетната позиција, потпирајќи се со левата пета на подот. Вежбата повторете ја неколку пати, а потоа направете ја и со другата нога.

Степер

steper

За оваа вежба, исто така ќе ви бидат потребни тегови. Испружете ги рацете покрај телото. Потоа застанете пред степерот, кој треба да биде отприлика во висината на вашите колена и ставете го вашето лево стапало на него. Потпирајте се на петата на левата нога се додека вашето тело потполно не се исправи и не застанете со една нога на степерот. Потоа одете пополека наназад се додека вашата десна нога не го допре подот. Вежбата направете ја неколку пати, а потоа ист број пати повторете ја вежбата и со вашата десна нога.

Оваа вежба можете да ја направите на уште еден начин. Застанете странично пред степерот, така што вашата десна нога да биде веднаш до степерот. Застанете со  левата нога на степерот и и полека подигнувајте го телото нагоре.

Задник

zadnik

Земете еден пар тегови за вежбање, испружете ги рацете и спуштете ги пред колковите, а дланките свртете ги кон себе. Благо свиткајте ги колената, и спуштете се толку за дланките да ви бидат во висина на колената, точно над стапалата. Главата подигнете ја, а вратот држете го исправен. Задржете се така неколку секунди, а потоа полека вратете се во почетната положба.

Доколку сакате вежбата да ја направите малку потешка, направете се исто како погоре опишаното, но само на една нога и повторете ја вежбата неколку пати, а потоа сменете ја ногата.