Чашка пијалок за подобар апетит
Само една чашка ракија или виски пред јадењето, го подобрува апетитот, ја прави храната попријатна, но и го подобрува варењето- се согласуваат гастроентеролозите.
Во нашиот крај, но и ширум регионот, познато е дека ракијата често се користи и како лек, а не само како обичен алкохолен пијалок. Експертите ги потврдуваат благотворните дејства на овој пијалок во процесот на исхраната и варењето на храната.
Тие кои имаат проблем со варењето или пак, имаат големи маки во поглед на недостатокот на апетит, можат да размислат за оваа мала чашка алкохол, која ќе им помогне подобро да јадат, но и ќе помогне во процесот на варење на изедениот ручек. Во тој случај, треба да се води сметка за видот на пијалокот, но и за количината на алкохолот.
Експертите препорачуваат да се испие пијалок со поголема количина на алкохол во својот состав, а не послаба. Идеални се пијалоците кои дсодржа од 30 до 45 отсто алкохол во својот состав, кои се истовремено и најдобри аперитиви. Жестоките пијалоци го зголемуваат апетитот така што воведуваат состојба на хипогликемија, што не тера да внесеме што е можно повеќе храна, но и храната да ни биде попријатна.
За оние кои ќе се одлучат за аперитив, гастроентеролозите објаснуваат дека количината на пијалокот е важна, но дека е и истовремено важно тој да се испие во вистинско време за ефектот да биде најдобар. За храната да има што поубав вкус, се препорачува пијалокот да се испие 20 до 30 минути пред самиот оброк. Ракијата или вискито се добар избор за пијалок пред јадењето, бидејќи го стимулираат апетитот и варењето. Меѓутоа, за времетраењето на самиот оброк, не би трбало да се пие никаков алкохол. Сепак, после оброкот се препорачува да се испие чаша пијалок со помал процент на алкохол во својот состав. Во таков случај, како дигестиви се најдобри пивото, кое има пет проценти алкохол, или пак виното.
Сепак, стручњаците ја нагласуваат и причината за тоа зошто само жестоките пијалоци се добри аперитиви – чашка жесток алкохол на празен стомак го зголемува нивото на шеќер во крвта. Моментално се јавува и чувство на глад, а алкохолот има посилно дејство, бидејќи сме го испиле на празен стомак. На тој начин, алкохолот во нашиот организам ќе биде подобро апсорбиран, а процесот на варење ќе биде олеснет.
Прошетка или чаша вино како дигестив
За најдобар ефект на дигестив, стручњаците препорачуваат лесна прошетка после оброк, но и пијалоци со понизок процент на алкохол во својот состав. За тие кои сакаат да го потпомогнат варењето, лекарите препорачуваат мала количина на пијалок со помал процент на алкохол.
После јадење е идеално да се испие едно пиво или вино, а да се избегнуваат посилни пијалоци.Жестоките пијалоци се само за пред јадење, а лесниот алкохол за отпосле. За време на јадењето избегнувајте го и едното и другото- децидни се експертите.



