Во огромниот број диети се издвојува оваа под име бразилска. Овој режим на исхрана е толку популарен затоа што гарантира до 12 килограми помалку за само месец дена. Се работи за тоа што се јаде четири до пет пати дневно, но на менито главно се застапени овошје и зеленчук.

 

Ова е пример за еднонеделно мени за бразилската диета:

Понеделник
  • Појадок: 1 портокал, 1 банана и 1 шолја сок од портокал
  • Ужина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче тост
  • Ручек: 100 гр. варена риба, 100 гр. салата од сиров зеленчук
  • Вечера: исто како за ручек
  • Пред легнување: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост

 

Вторник

 

  • Појадок: 1 меко варено јајце, 1 шолја сок од јаболки
  • Ужина: 1 мало парче тост, 1 чаша сок од јаболки
  • Ручек: 100 гр. варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата
  • Вечера: 200 гр. варена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, зелен грашок (свеж ако го има, ако не тогаш од конзерва)
  • Пред легнување: 1 шолја сок од јаболки, 1 тост

 

Среда
  • Појадок: 1 шолја безмасно млеко, 1 парче тост
  • Ужина: 100 гр. безмасно сирење
  • Ручек: 100 гр. ориз, 150 гр. салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и 1 лажица ситно сецкан магдонос
  • Вечера: 100 гр. варено месо, 1 јаболка, 4 листови зелена салата
  • Пред легнување: 1 шолка сок од јаболки, 1 мало парче тост

 

Четврток
  • Појадок: 1 шолја сок од ананас, 60 гр. ананас
  • Ужина: 1 шолја сок од ананас, 1 мало парче тост
  • Ручек: 100 гр. варено месо, мало парче сирење и 1 портокал
  • Вечера: 2 варени компири, 150 гр. салата од свежо рендани моркови и малку малсо
  • Пред легнување: 1 шолја сок од ананас, 1 парче тост

 

Петок
  • Појадок: 1 чаша сок од јаболки и 1 мал тост
  • Ужина: 1 јаболко, 1 портокал
  • Ручек: 150 гр. варена риба, 2 мали варени моркови
  • Вечера: 1 чинија супа од зеленчук (или чинија крем супа од печурки или чинија рибја чорба), мало парче леб
  • Пред легнување: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост

 

Сабота
  • Појадок: 1 чаша сок од јаболки, 1 парче тост
  • Ужина: 150 гр. салата од варено и изрендано цвекло со малку растително масло
  • Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибја чорба, 1 мало парче леб
  • Вечера: 100 гр. пржени печурки, 100 гр. салата од сиров зеленчук (по желба)
  • Пред легнување: 1 шолја сок од јаболки, 2 бисквити

 

Недела
  • Појадок: 1 бананa, 1 грст суво грозје
  • Ужина: 1 чаша сок од моркови, 1 мало парче тост
  • Ручек: 100 гр. варено месо, 100 g салата од свежа зелка, зелен лук и сок од 1 лимон
  • Вечера: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибја чорба , 100 гр. овошје, 4 листови зелена салата
  • Пред легнување: 1 чаша сок од јаболки, 2 суви смокви

 

Ова мени се повторува по потреба две до четири недели – никако подолго од овој период. Враќањето на ,,нормална,, храна се постигнува со зголемување пред се на овошјето и зеленчукот, a потоа и со постепено зголемување на количината на намирниците со протеини. Како што може да се види, оваа диета е богата со овошје и зеленчук, па нема да ви недостасуваат витамини и минерали. Освен тоа, и распоредот на оброците е таков што не би требало да бидете гладни, ниту да имате колебање во нивото на шеќер во крвта.

Со оваа диета се препорачува секојдневна умерена активност: 30 минути прошетка, возење велосипед или пливање.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина