Често се зборува за опасностите поради стеснување на крвните садови, но крвниот сад може и тоа како да направи проблем во случај да се зголеми неговиот обем. Проширувањето на крвниот сад се нарекува аневризма и спаѓа во најтешките васкуларни заболувања. Најчесто се јавува на стомачната аорта, најголемиот крвен сад во стомакот, а поради можните последици докторите уште ја нарекуаат и ,,бомба,, во стомакот.

 

Под абдоминална аневризма се подразбира проширување на едниот дел на стомачната аорта, која ја пренесува крвта со кислородот воабдоменот и во долните екстремитети.

 

Проширувањето настанува како последица на губење на еластичноста и цврстината на ѕидот на аортата. Крвта, која под притисок минува низ аортата, се повеќе го растегнува и истенчува ослабениот ѕид и создава проширување слично на топка или балон. Ако се прошири прекумерно, аортата може да прсне и тогаш имаме состојба на сериозна закана по животот.

 

Проблемот е во тоа што на почетокот на настанување на аневризмата воопшто нема знаци на болеста. Аневризмата најчесто сосема случајно се открива при преглед. Кога ќе се појават силни болки, веќе се работи за поодмината фаза на болеста. Може да се појави повремена болка длабоко во стомакот или долготрајна неподнослива болка во лумбосакралниот предел. Тогаш постои сомневање на постоење и ширење на аневризмата, што бара итна интервенција.

 

Аневризмите се почеста појава кај мажите, а почнуваат да се создаваат помеѓу 50 и 55 година од животот. Кај жените обично настануваат околу 70 година од животот или подоцна.

 

Секоја аневризма треба сериозно да се сфати, а посебно онаа на стомачната аорта. Неопходно е, кога ќе се открие, или да се следи со редовна контрола или веднаш да се оперира, зависно од нејзината големина и состојбата на организмот. Опасноста од пукање постои  коа таа ќе достигне поголеми размери, посебно кај оние кои боледуваат од нерегулиран крвен притисок. Тогаш настанува внатрешно крварење, искрварување, состојба на шок и неретко фатален исход.

 

Во основата на настанокот на оваа болест најчесто е атеросклерозата, а поретко некоиинфекции или повреди. Факторите на ризик кои го забрзуваат процесот се секако артериската хипертензија и пушењето. На зголемениот број новооткриени случаи влијае продолжениот животен век и можноста за дијагностицирање со ултразвучен преглед на абдоменот.

 

Навремената дијагноза е најважна, бидејќи дава можност за контрола, како и совети за лекување на хипертензијата и за подобрување на начинот на живот.

 

Дијагнозата може да се постави и со ултразвучно снимање на стомакот, но попрецизен наод даваат скенерите и магнетната резонанца. Докторот може да побара, според ситуацијата, и дополнително снимање, како што е аортографијата, со цел да има увид во состојбата на останатите крвни садови и артерии.

 

Васкуларниот преглед подразбира и опипување на стомакот. Поголемите аневризми можат да се напипаат со преглед. А, кај оние послабите можат да се видат и пулзациите. Проширувањето на аневризмата се решава оперативно. Најчесто се работи за класична отворена операција. Кај постарите пациенти, ако постои техничка можност, се прави т.н.ендоваскуларна (затворена) интервенција.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина