Појавата на целулитот воглавно е одредена од хормонското делување, но за неговата појава можат да делуваат и различни неповолни животни стилови и навики, како масната храна, консумирањето шеќер, алкохол и пушењето цигари. За да се ослободите од целулитот, треба да се следат неколку чекори, а некои од нив се правилна исхрана, доволно вежбање и анцелулитна диета.

 

Мени против целулит за секој ден

 

Освен секојдневно мени, за кое треба да се придржуваме, против целулитот постои и одредена храна која треба да се одбегнува и онаа која посебно се препорачува. Храна која е пожелно да се одбегнува се готовите јадења од микробранова, пржената храна и сувомеснатите производи, потоа тука се и црвеното месо, масните сосови, како што е мајонезот, кексите и грицките.

 

Во антицелулитната диета, но и генерално, се препорачува да се консумираат свежо овошје и зеленчук, интегрални лебови, тестенини и ориз, печурки, бело месо, свежа риба, јогурт и млеко. Покрај сето наведено, добро е да се внимава на дозирањето со сол и шеќер во јадењата, како и на количината  консумирана храна.

 

Свежото овошје и зеленчук во оваа диета служат за чистење на организмот, а покрај тоа се богати со витамини, влакна и биофлавоноиди, кои помагаат во циркулацијата. Оваа диета вклучува зголемување на консумацијата на вода на барем литар и половина, а целта е да му се помогне на организмот во ослободување од токсините, а не одземање на калории. Храната која се подготвува, вклучувајќи го и зеленчукот, треба да биде подготвена на пареа или да се јаде во сирова состојба. Ако се пече месо, тоа треба да биде подготвено на решетката од рерната и со малку масло. Ова е менито за седмодневната антицелулитна диета:

 

Понеделник

 

Ручек: 200 грама мешано овошје, пилешки прсти на скара, варен или сиров зеленчук по желба
Вечера: 200 грама свежо или варено овошје по желба, 200 грама варена риба и варен или сиров зеленчук по желба

 

Вторник

 

Ручек: чаша свеж овошен сок, 80 грама свежо сирење, мешана салата од сиров зеленчук по желба
Вечера: супа од зеленчук или печурки, шницла од бело месо, печена на силен оган, и печен кромид

 

Среда

 

Ручек: 60 грама интегрален ориз или тестенини во сос од доматио без маснотии, сиров зеленчук по желба
Вечера: 200 грама свежо овошје по избор, 2 тврдо варени јајца и мешана салата по желба

 

Четврток

 

Ручек: свеж сок од грејпфрут или некој друг цитрус, 60 грама сушено јунешко со лимон, варен или сиров зеленчук
Вечера: супа од зеленчук, 200 грама варена риба и зеленчук по желба

 

Петок

 

Во текот на целиот ден да се распределат по неколку порции еден килограм компири печени или варени со моркови и тиквички

 

Сабота

 

Ручек: свеж сок од грејпфрут, 150 грама печено говедско и мешан зеленчук на скара
Вечера: салата со печурки, 60 грама тестенини со сос од домати

 

Недела

 

Ручек: мешана салата со зеленчук по избор, телешко и печени компири
Вечера: 200 грама овошје, 2 тврдо варени јајца и супа од зеленчук

 

Храната која може да се јаде меѓу оброците треба да биде лесна и да вклучува јогурт, овошје и зеленчук. Најдобро би било во текот на денот да се пие многу вода и незасладени сокови. Подобар избор се природни чаеви.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина