Постојат денови кога не можете да престанете да ја отворате устата – не за да разговарате или да кажете нешто, туку поради прозевањето. Во некои случаи прозевањето може да биде непријатно. Може да изгледате незаинтересирано или како да се додевате до бесвест. Без оглед на тоа, не треба да се борите против прозевањето. Прозевањето го активира автоимуниот нервен систем и предизвикува пораст на бројот на срцеви отчукувања. Ако сте уморни, едно до две прозевања му носат свеж воздух на мозокот.

 

– Може да се претпостави дека организмот со помош на прозевањето се бори против заморот, дури и ако неговиот ефект не трае долго – вели професот Инго Фитзе од Универзитетската болница Чарите во Берлин. – Зошто се прозеваме, не е сосема јасно. Не постојат некои големи истражувања во врска со тоа – додава тој.

 

A што доколку не сакате да се прозевате? Во ситуации кога тоа би можело да биде несоодветно, можете тивко да го потиснете. Нема да има никакви негативни последици врз организмот. Самото прозевање е природен механизам за ладење на мозокот и за подобра циркулација, а со тоа се зголемува концентрацијата, будноста и менталната споосбност. Во една студија, во која учествувале 44 студенти, била прикажувана снимка од човек кој се прозева. Оние кои дишеле на нос, односно земале доволно кислород, поретко и самите се прозевале, во однос на оние кои дишеле исклучиво на уста или нормално. Со прозевање поретко се заразиле и оние кои филмот го гледале во постудена просторија. Но, тоа е и еволутивен механизам кој им овозможувал уште на нашите предци да останат будни во кризни ситуации.

 

Прозевањето е ,,заразно,, поради емпатиите и разбирањето на туѓите емоции. Поради тој механизам, прозевањето ја подига подготвеноста на целата таа група. Прозевањето варира зависно од возраста. Тоа може да објасни зошто луѓето стануваат збунети и дезориентирани во екстремни топлини. Имено, во лето мозокот има ограничени начини за ладење. Инаку, мажите најчесто ја покриваат устата со дланка додека се прозеваат, а жените тоа го прават со отворена дланка (бидејќи е така поелегантно).

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина