Бидејќи ајварот е составен само од зеленчук и малку масло, нема многу калории.содржи белковини, јагленохидрати и масти. Во 100 грама ајвар во просек има од 80-130 калории, во зависност од рецептурата според која е подготвен. Ајварот не е опасен за телесната тежина, под услов да се консумира умерено. Богат е со витамин Ц, кој го има во пиперките, и го подобрува имунитетот и целокупното функционирање на организмот. Богат е и со витаминот А, кој го има во доматите. Доматот ја обезбедува потребната количина на витамин Б2 и фолна киселина. Ајварот, исто така содржи и влакна. Многу им е омилен на оние кои не сакаат салати и зеленчуци, па ги надоместува витамините. Скапоцените состојки кои ги поседуваат пиперките делуваат врз организмот како антидепресив, антисептик, диуретик и моќен афродизијак. Црвените, жолтите, зелените пиперки се составен дел на секоја кујна поради вкусот и изобилството на витамини, поради што со право се нарекуваат природен лек за бројни болести.

 
 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина