Семките – вистински ризници на хранливи материи
Иако по големина се мали, семките носат значајни здравствени предности, првенствено затоа што претставуваат ризница од квалитетни маснотии и минерали, како и други материи неопходни за здравјето на организмот. Повеќе од половината од нивната содржина се маснотии, но се работи за скапоцени масла, меѓу кои најчесто преовладуваат незаситените масни киселини. Значаен дел им припаѓа на протеините, со присуство на прехранбените влакна, широк спектар на витамини и важни минерали како калциум, магнезиум, железо, калиум, селен и цинк.
Семките се одличен избор кога станува збор за здрави грицки, додека свежи, мелени или тостирани се одличен додаток во јадењата, збогатувајќи го секој оброк со скапоцени нутритиенти. Ова е изборот на деветте семки кои се секогаш добредојдени на нашата чинија.
Чиа семки
Денес чиа семките се познати како супер храна, и тоа со добра причина – богати со омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Само две лажици од нив содржат речиси 10 грама влакна. Совршени се како додаток во смути или во домашно приготвен леб, а потопени во течност, сок или бадемово млеко, се одлична замена за пудингот.
Дива роза
Дивата роза всушност воопшто не е роза, туку вид водена трева со слични својства како оризот, со црни и долгнавести зрна. За разлика од другите житарки од цело зрно, содржи голем дел на белковини и многу повеќе антиоксиданси од белиот ориз. Исто така е добар извор на магнезиум, фосфор, цинк и витамините од Б-групата. Обично се комбинира со кафеавиот ориз, каде поради својот оревест вкус му дава посбен вкус на оброкот, а одлична е во лето додадена во салатите со пченка, грашок и краставици.
Семки од тиква
Семките од тиква се богати пред се со магнезим, важен минерал кој допринесува за здравјето на срцето и мускулите, потоа содржи витамин Е и омега-3 масни киселини, а исто така делува позитивно и на пречките со простатата. Можат да се користат во супи, варива, како додаток на салатите често се ставаат на пецивата или во разни производи. Сепак, треба да се јадат умерено, бидејќи во само 100 грама семки од тиква има 450 калории.
Семки од калинка (нар)
Зрнцата од калинка содржат малку калории, а многу влакна, витамини и фитохемикалии кои можат да го унапредат здравјето на сцето и да помогнат во регулирањето на телесната тежина. Еден грст семки од калинка имаа помалку од 150 калории, а богатство од витамин Ц и антиоксиданси. Се користат како додаток во салатите или во смути. Тие се моќен антиоксиданс и делуваат антибактериски и противвоспалително.
Квиноја
Ако сте во потрага по здрав извор на протеини, тогаш не треба подалеку да барате од квинојата. Таа не е житарка туку е супер семе или псевдо-житарка, намирница која е исклучително богата со нутритиенти. Во една шоља квиноја има 6 грама протеини. Покрај тоа таа е единствен извор на јагленохидрати која ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини. Може да послужи како замена за ориз и тестенини, а поради тоа што не содржи глутен, во не можат да уживаат сите оние кои имаат дијагностицирано целијакија и пречувствителност на глутен.
Семки од сусам
Овие семки содржат големи количини незаситени масни киселини, од кои најпознати се линолната и олеинската, и имаат високо ниво на белковини во себе. Благодарение на присуството на лигнанот, фитоматерии со својства слични на влакната, семките од сусамот делуваат поволно на намалување на нивото на холестерол во крвта, а воедно допринесуваат и за намалување на ризикот од висок крвен притисок.
Семки од лен
Ако не јадете доволно риба, додавањето лен во исхраната може да помогне да обезбедите доволни количини н аомега-3 масни киселини, здрави масти кои се добри за срцето и мозокот. Тие претставуваат најдобар растителен извор на важни нутритиенти, а во исто време даваат и добра доза влакна и помагаат за регулирање на варењето.
Семки од коноп
Семките од коноп го намалуваат лошиот холестерол, го реулираат крвниот притисок, ја подобруваат циркулацијата и имунитетот, ја зголемуваат енергијата, допринесуваат за регулирање на телесната тежина и на оптималните нивоа на шеќер во крвта. Богати се со омега-3 и омега-6 масни киселини, протеини, витамини А, Д и Е и неколку Б-витамини, со голем процент на влакна.
Семки од сончоглед
Семките од сончогледот се одличен извор на витамините Е и Б1, магнезиум, бакар, селен, витамин Б5, фолна киселина и прехранбени влакна, а во себе ги содржи и силните антиоксиданси – витаминот Е и селенот. Поради високата калориска вредност, дневниот внс треба да се прилагоди на нутритивните потреби и да се огрании на еден грст семки дневно.


