Ако јадете многу храна од “ќесичка”, веројатно имате недостиг на калиум во организмот, тврди нутриционистката Лорен Блејк од Медицинскиот центар Вакснер. Калиумот обезбедува правилна контракција на мускулте во телото, ги регулира телесните течности и рамнотежата на минералите во организмот. Покрај тоа, ги ублажува ефектите од претераното консумирање сол, проблем со кој се среќаваату луѓе во светот. Пре се, тој ги штити крвните садови од оштетување и задебелување и го намалува високиот крвен притисок. Ова се најчестите знаци дека на вашето тело му недостасува калиумот.

 

Постојаnо сте уморни

 

На телото му е потребен калиумот за да може нормално да функционира. Ако сте постојано уморни, а спиете колку што е потребно, тогаш причината за тоа може да биде калиумот. Заморот може да биде последица од стрес, лоша исхрана и недостиг на сон, кои се исто така проблеми кои се поврзуват со недостиг на калиум во организмот.

 

Често имате грчеви во мускулите

 

Калиумот е неопходен за правилна работа на мускулите во целото тело. Кога количините на овој минерал се ниски во телото, човек чувствува болки и грчеви во текот на денот или додека вежба.

 

Чувствувате слабост и вртоглавица

 

Количините калиум можат да варираат во текот на денот, а големиот пад на тој минерал во телото може да доведе до забавување на отчукувањата на срцето, па ќе имате чувство како да ќе се онесвестите во секој миг. Тоа не е вообичаено, но ако ви се случи, задолжително појдете на доктор. Немојте да ги занемарувате ни трнењата во рацете и нозете.

 

 

Имате висок крвен притисок

 

Без соодветна количина калиум во телото, крвните садови можат да се соберат, што доведува до висок крвен притисок. Внимавајте и на прескокнувањата во работата на срцето – најважниот мускул во телото не може да работи добро кога во телото има нерамнотежа помеѓу натриумот и калиумот.

 

Постојано сте надуени

 

Телото има проблеми со регулацијата на солта кога во организмот има нeдостиг на калиум. Сето тоа може да доведе до надуеност. Ако често сте надуени, ова може да биде една од причините.

 

Тагови: калиум
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина