Кромид полнет со кус-кус
Состојки:
- 6 поголеми главици кромид
- 200 гр. инстант кус-кус
- 2 лажички исецкан ѓумбир
- масло
- 1 чешне ситно исецкан лук
- 2 лажички маслиново масло
- 2 лажички бадеми (исецкани на ливчиња)
- мелен ким
- мелен коријандер
- 2 домати (лупени и исецкани на коцкички)
- 1 грст исецкан босилек
- сол, црн пипер
Подготовка:
Главиците кромид сварете ги во солена вода 10-15 минути, за да можат полесно да ги издлабите. Потоа извадете ги исцедете ги. Отсечете им го врвот и внимателно издлабете ги со мала лажичка. Остатокот од кромидот ситно исецкајте го. Во сад измешајте ги кус-кусот, ѓумбирот и додадете врела вода. Оставете околу 15 минути за кус-кусот да ја впие течноста и да набабри. Рерната загрејте ја на 200°C. Кратко пропржете ги лукот и бадемот на врело масло, додајте малку ким и коријандр. Тргнете ги од огнот и додадете ги кус-сусот и исецканиот кромид. Зачинете со сол и црн пипер.
Во сад за печење ставете ги издлабените главици кромид и наполнете ги со смесата кус-кус. Вишокот смеса ставете ја во просторот помеѓу кромидите. Печете ги со рерна околу 20 минути. Испечениот кромид украсете ги со босилек.


