Чоколадни гнезда со кокос
Состојки:
- 100 гр. кокосово масло
- 3 лажици сок од агава
- 2 лажици какао
- 50 гр. кокосово брашно
- 50 гр. кокосови снегулки “чипс”
- 50 гр. бадемови ливчиња
- 2 чоколади за готвење
Подготовка:
Ако е во стврдната состојба, растопете го кокосовото масло на тивок оган. Течното кокосово масло измешајте го добро со сокот од агава и со какаото, за да се добие чоколаден сос. Во друг сад измешајте ги кокосот и бадемите, па прелијте ги со чоколадниот сос. Сите состојки добро поврзете ги. Смесата ставете ја во фрижидер да отстои околу 5 минути, додека да се стврдне малку. Со околу 2 лажици од смесата формирајте гнездо (ќе добиете од смесата околу 8 гнезда). Ставете ги на чинија и ставете ги во фрижидер околу 30 минути за да се стврднат. Потоа наполнете ги со чоколаден фил, кој ќе го добиете со топење на чоколадите на пареа.


