Постојат поделени мислења за меѓуоброците – некои сметаат дека тоа е добра работа, додека други сметаат дека лесните оброци се лоши и тоа по малку не збунува. За некои, меѓуоброк значи ,,јадење кога не сме гладни,, што е секако лошо. Но, ако тие се земаат како што треба, тогаш меѓуоброците можат да бидат здрава навика која ќе ви помогне во одржувањето на телесната тежина и кои ќе ви ја избалансираат исхраната.

Пет причини меѓуоброците да станат здрава навика:

1. Планираните ужини можат да го спречат прејадувањето за време на ручекот. Повеќето луѓе огладнуваат на секои три до четири часа. Ако имате големо временско растојание помеѓу оброците, веројатно ќе огладните и затоа меѓуоброкот би бил најсоодветен. Но, ако и одолевате на потребата за ужина и се обидувате да ,,издржите,, постои голема можност тоа да го надоместите со прејадување во следниот оброк.

2. Планираните ужини можат да ви помогнат да го намалите вкупниот дневен внос на калории. Некои мислат дека само ќе ги додадат ужините (и нивните калории) на сето она што веќе го јадат. Но, ако се испланираат добро, здравите меѓуоброци помагаат да јадеме помалку за време на редовните оброци, а тоа значи намалување на вкупните калории за тој ден.

3. Планираните ужини можат да помогнат да се внесе повеќе здрава храна во текот на денот. Обично ова е најсилниот аргумент за оние кои одбиваат да јадат помеѓу оброците (или прескокнуваат цели оброци). Колку почесто јадете, толку полесно ќе ги вклопите здравите храни како овошје и млечни производи богати со калциум во оброците.

4. Меѓуоброците помагаат во одржувањето на физичката и менталната енергија. Кога јадете редовни оброци и ужини, тие ви помагаат да го одржувате стабилно нивото на шеќер во крвта во текот на денот – што е добра одбрана од падот на шеќерот меѓу оброците, кој физички и психички ве исцрпува.

5. Хранливата попладневна ужина помага во контролата на порциите за време на вечерата – која обично е најголемиот оброк во денот. Многумина добро успеваат да контролираат што јадат во текот на денот, но затоа навечер се опуштаат и јадат обилна вечера.

Кога меѓуоброците не се здрави?

Би било добро да ја преиспитате вашата навика за јадење меѓуоброци ако:

– Јадете нездрава храна богата со калории, како слатки, чипс и газирани пијалоци. Освен што овие грицки се богати со калории, тие исто така придонесуваат за трупање килограми и немаат воопшто хранливи вредности.
Не јадете поради глад, туку од други причини. Паметните ужини значат да бирате здрава храна која ќе ја јадете помеѓу оброците и која ќе ви помогне да го контролирате апетитот и која ќе ви ги исполни вашите нутритивни потреби. Ако имате обичај да јадете кога не сте гладни, кога ви е здодевно, кога сте под стрес, лути сте или уморни, ќе треба да се ослободите од оваа навика што побрзо.

Идеи за здрав меѓуоброк

Протеините и јагленохидратите можат да се искомбинираат на безброј начини. Еве неколку предлози:

Протеински шејк со обезмастено млеко, протеини во прав и овошје
Протеински чоколатца
Обичен немастен јогурт, засладен со малку јаворов сируп и цимет, со овошје
Сиров зеленчук моркови, чери домати, пиперки и малку хумус
Кафе со обесмастено млеко или со соја млеко
Немасно кравјо сирење со зеленчук или свежо овошје
Грст ореви, бадеми, пистации или ореви од соја
Тврдо варено јајце и еден домат
Туна од конзерва помешана со авокадо и намачкана врз крекери од цело пченично зрно
Неколку парчиња мисиркино месо или димен лосос и една краставица

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина