Се ближат празниците, па многумина од нас ќе ги спојат Новогодишните и Божиќните празници и ќе добијат еден солиден и се разбира заслужен мини –одмор. Меѓутоа, слободното време во зима многу често се користи исклучиво само на лежење, седење и спиење, што заедно со обилната и масна храна каква што вообичаено се консумира во овие денови, воопшто не е добро за здравјето. Едно истражување на Американското Здружение за рак јасно покажува дека што подолго време седиме, толку помалку време ќе поминеме на оваа планета. Звучи застрашувачки, но навистина е така.

setanje_naslovna

Сувиот воздух не е добар

Избегнувајте, колку што можете, престој во затворени и претопли простории во кои водухот е исушен. Во таков амбиент слузокожата на респираторните органи станува исушена, а особено загрозени се грлото и носот . Вака исушената слузокожа е подложна на воспаленија. Токму тоа е една од причините што оние кои „се чуваат” од студенилото и не излегуваат надвор, почесто кашлаат и добиваат воспаленија на грлото.

Од исупшениот воздух страда и кожата, која станува чувствителна, почнува да чеша и пецка. Тоа е особено изразено кај луѓето што и инаку имаат сува кожа, но не се имуни ни оние кои до тогаш пак имале проблеми со масна кожа. Сувиот воздух може да им попречи и на нормалното функционирање на солзните жлезди во очите, што се манифестира преку непријатност и пецкање во очите. За сето ова да го избегнете, редовно проветрувајте и навлажнувајте го воздухт. На радијаторите ставете садови со вода или влажни пешкири.

Шетањето му годи на срцето

Освен хронично болните, кои не би требало да излегуваат надвор од дома кога температурата на воздухот ќе падне под нула, здравите луѓе не би требало да наоѓаат изговори за седење дома, дури и на студено време,. Напротив, секој ден би требало да шетаат најмалку половина час бидејќи прошетките се делотворни за организмот, а особено за срцето и крвните садови.

Одењето ја забрзува циркулацијата и го зајакнува имунитетот. На прошетка е најдобро да се излезе кога е најтопло во текот на денот, кога нема врнжи или пак ветер. При тоа, водете сметка и за физичките можности на организмот, што значи направете пауза ако почувствувате замор.

Доколку се одлучите и нешто да вежбате, водете сметка да не претерате. На организмот повеќе му годи секојдневна кратка физичка активност со умерен интензитет, отколку исцрпувачки вежби одвреме-навреме.

Сончевата светлина ја брка депресијата

Зимскиот ден е краток, студено е, па во вакви услови сме повеќе склони кон депресија. За ова во голема мера допринесува и недостатокот на светлина, на која сме инаку навикнати, како и намалената физичка активност. Светлината, проаѓајќи од очните нерви до мозокот, поттикнува бројни биохемиски процеси, а меѓу нив и серотонинот, хормонот кој носи спокој и не одржува будни. Помалку светлост значи и помалку серотонин, а повеќе мелатонин, кој се излачува во темница. Зголемувањето на мелатонин, таканаречен хормон на сонот, кај поголемиот дел од луѓето предизвикува замор, тромавост, безволност и потиштеност.

Непријатели на депресијата се витамините, особено од групата Б, посебно Б9, потоа витминот Ц, како и омега-3 масните киселини, потоа физичката активност, најдобро пешачењето, и тоа околу пладне, кога има и најмногу светлина. И уште нешто- за прошетка одберете добро друштво.

На разните прослави полесно се шират вирусите

Респираторните инфекции се јавуваат во текот на целата година, но сепак повеќе во студените зимски месеци. Веројатноста од ширење на вирусите е поголема во затворените простории, каде се собираат поголем број луѓе, така да празниците носат и зголемен ризик од инфекции, кои се пренесуваат со бакнување, кивање, кашлање, користење на исти предмети. Со допирање на очите, устата или носот после контактот со заразениот предмет се зголемува веројатноста од појава на инфекции. Она што можеме да го направиме е да избегнуваме контакти со заразени личности, потоа превнтицно да земаме цинк, за кој е докажано дека го зајакнува природниот одбрамбен систем на организмот, потоа овошје богато со витамин Ц и мултивитамински препарати. И секако да пиеме доволно течности, пред се вода и незасладени чаеви.

Тагови: одење