Кај жените, најизразените промени на нивото на хормоните настапуваат во 40 и 50 година од животот, иако некои жени ги погодува и во средните 30 години. Некои жени, пак, овие симптоми ги забележуваат уште порано, што е поврзано не само со начинот на живот и исхраната, туку и со загадувањето на околината со токсини и ксеноестрогени, синтетички хемикалии кои делуваат како естроген во нашиот организам, а на кои се изложени секојдневно.
Во продолжение издвојуваме девет знаци кои упатуваат на хормонска неурамнотежност.

1. Константно зголемување на тежината

Точно, постојат одредени стилови на живот, исхрана и физичка активност за одддржување здрава телесна тежина, но понекогаш не е толку едноставно. Кај многу жени се крие хормонска неурамнотеженост поради која е тешко да се оддржува здрава телесна тежина. Појавата на инсулинска резистентност или нејзиното непрепознавање е само една од најчестите причини, a вистинските чекори се кријат во промена на исхраната – како што е елиминирање на процесирана храна и шеќери.

2. Стомачна маснотија и губење на мускулна маса

Кога ендокриниот систем е под стрес, тој произведува недоволна количина на едни хормони и енормна количина на други, воглавно на кортизол т.н. хормон на стрес. Телото со таквата стресна ситуација се носи на тој начин што ги трупа залихите од маснотии за подоцнежна употреба, најчесто во делот на стомакот, поради што трупањето стомачно сало е индиција за исцрпеност на надбубрежните жлезди.

3. Намалено либидо

Еден од највоочливите симптоми за хормонална неурамнотеженост е ниското либидо, кое започнува со нарушување во спиењето. Без квалитетен сон, производството на полови хормони може значително да се намали.

4. Замор

Не можете да го поминете утрото доколку не земете некаков енергетски стимуланс? Не е нормално цел ден да се чувствувате тромо и исцрпено. Лесните промени во прехраната, како што е елиминацијата на пченицата и повеќето житарки, ќе ви помогнат да го стабилизирате нивото на шеќер во крвта.

5. Анкциозност, раздразнетост и депресија

Не сте свои? Ова не е време за лекови. Анкциозноста и депресијата се знаци кои упатуваат на неурамнотеженост на хормоните, присутност на токсини и преоптовареност со работа и стрес. Телото се обидува да ви каже да не се грижете за него онака како што тоа заслужува.

6. Несоница и нарушување на спомените

Недостигот на сон е главен виновник за зголемените нивоа на стрес и кортизол, што директно води до многу хормонски неурамнотежености. Не постои ниту едно подрачје од вашиот живот врз кое не делува несоницата.

7. Потење

За многу жени, ноќното потење и брановите на жештина се непријатен знак дека нешто не е во ред. Немојте веднаш да започнувате со хормонска терапија, туку започнете да водите дневник на исхрана, во кој ќе запишувате се што ќе изедете и испиете, но и како се чувствувате физички и емоционално. Многу пати нашите емоции се поттикнувач кој ја зголемува внатрешната температура. Следниот пат кога ќе почувствувате налет на жештина, запрете и размислете за мислите кои се вртат низ главата.

8. Пречки во варењето

Гасови, надуеност и бавно варење се чести хормонски проблеми кои обично не се поврзуваат со хормонска неурамнотеженост, но можат да бидат поврзани со нездрава исхрана, недоволно џвакање на храната и прејадување. Без здраво јадење, телото гладува, бидејќи не може да се снабди со хранливи материи.

 

9. Желба за храна

Откако ќе изедете многу повеќе отколку што би требало или сте испиле половина шише, се прашувате – зошто? Најчести причини за копнеж по храна и прејадување се и исцрпеност на надбубрежните жлезди, резистенција на инсулин и други хормонски неурамнотежености. А, намалувањето на внесената количина шеќер, алкохол, млечни производи и житарки – иако тешко – не само што ќе помогне во контролата на желбата за храна, туку ќе му помогне и на системот за варење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина