Магарешки трн
Една од најдобрите лековити растенија за заштита, регенерација и детоксикација на црниот дроб е магарешкиот трн (лат. Silybum marianum). Многу наликува на чичакот, па треба да се обрати внимание при берењето. Кај народот уште е познато и како змиска трева или дива артичока. Повеќегодишно растение е, крупно и разгрането, а може да порасне и до два метри. Најчесто може да се најде на полиња, ливади, рабовите на шуми, а се препознава по виолетовите цветови, долгите и остри листови. Многу е бодликаво, па треба со внимание да му се пристапува. За лековити цели се користи целото растение заедно со коренот. Листовите се берат во мај месец, цветовите во јуни, јули и август, семето се собира во август и септември, а коренот се вади во септември и октомври. Познато е дека штити од негативното делување на лековите, успешно елиминира од организмот разни хемикалии, алкохол и тешки метали.најважна состојка е на природните лекови за лекување на вирусен и алкохолен хепатитис, замастен црн дроб, труење и цироза на црниот дроб. Содржи силимарин, состојка за која е докажано дека ги обновува клетките на црниот дроб и го поттикнува нивниот раст, па успешно го ,,чисти,, црниот дроб од хепатитис и цироза. Го зголемува и нивото на глутатион, најважниот антиоксиданс на црниот дроб. Народните тревари тврдат дека може и да спречи раст и развој на клетки на карцином, како и дека е единствениот лек кој помага кај труење со смртоносната печурка зелена пупавка, а тоа не го оспорува ниту фармацевтската индустрија.
Поради исклучителната лековитост, се користи повеќе од два милениума. Како лек за црниот дроб, била многу популарна кај старите Грци, додека Индијанците ја употребувале за лекување чиреви и кожни болести.
Најголема концентрација на корисни состојки има во семето на магарешкиот трн. Освен силимарин, семето изобилува и со тирамин и хистамин, па е ефикасно и за лекување на жолтица, камен во жолчка, бронхитис и проширени вени. Се користи и во различни мешавини за јакнење на организмот, кај проблеми со циркулацијата, крвните садови и варењето. На списокот на болести кои ги лекува ова растение се и мигрената, вртоглавицата, нискиот крвен притисок, алергиите, заморот, астмата и настинките. Се препорачува и кај проблеми со надбубрежната жлезда, воспаленија на слепото црево и псоријаза.
Делува како природен естроген, го поттикнува создавањето на млекото кај доилките и го регулира менструалниот циклус. Во овие случаи се зема во вид на чај и во комбинација со други лековити растенија. Не им се препорачува само на женит есо фиброидни тумори, карцином на грлото на матката, јајчниците и дојките. Како лек се подготвува во вид на тинктура, која не треба да ја користат оние кои се склони кон пиење алкохол. Поради големата количина на силимарин, кај долгите терапии би требало да се направи пауза на две недели, бидејќи може да дојде до надувување, мачнини или дијареја.
Чајот се подготвува така што 1 до 2 лажички од исушеното растение се прелева со 2 дл. вриена вода, се поклопува и се остава да отстои 15 минути. Потоа се промешува и се процедува. Се пие незасладен, полека, во мали голтки, три пати дневно пред јадење. Посебно е ефикасен за детоксификација на замастен црн дроб, им се препорачува на алкохоличарите, но и за други здравствени проблеми кое ова растение ги лекува.


