Пад на имунитетот може да предизвика високиот внос на шеќер и заситени масти од црвеното месо и масните сирења. Освен тоа, ако пиете повеќе од пет алкохолни пијалоци дневно и пушите повеќе од 20 цигари дневно, имунитетот ви е на удар. Треба да се има на ум дека сулфурот е многу битна витална состојка на трите аминокиселини. Тоа е минерал кој природно се појавува во близина на извори и вулкански формации.

Ова се само некои од проблемите кои ги решава сулфурната вода.

Артритис – Воспаление, отекување на зглобовите и болки предизвикани од артритис и реума може да се решат со натопување во сулфурна вода. Помага и при обнова на рскавицата и синовијалната течност која се наоѓа во зглобовите.

Болка во грбот, вратот и рамењата – Преку порите на кожата влегуваат сулфурни минерали кои ги смируваат воспаленијата на мускулите и ги лекуваат зглобовите и коските.

Детоксикација на телото – Сулфурната вода го чисти телото од отрови. Храната богата со сулфур, како што се лукот и зелката, помагаат при чистење на токсините од телото, а капењето во сулфурна вода има сличен ефект, бидејќи минералите се впиваат преку кожата.

Најдобрите природни извори на сулфур се наоѓаат во:

  • посно говедско
  • сув грав
  • риба
  • јајца
  • зелка
  • кромид и лук
  •  праз
  • шпаргли
  • компир
  • житарки
  • ореви
  • лешници
  • бадеми
  • мешунки
  • зелена салата
  • авокадо

Оној кој пати од силни мигрени, терапијата со сулфур и манган исто така ќе ги ублажи болките. Денес постојат разни креми и масти кои содржат сулфур, кои се имаат покажано како исклучително успешни во лекувањето на различни кожни болести.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина