Стриите се оштетувања, односно пукнатини на кожата, во облик на потенки или подебели линии, кои настануваат при нагло и брзо растегнување на ткивото. И додека на нивната појава можеме делумно да делуваме, кога ќе ги видиме на кожата најчесто е веќе доцна. Ова се 3 најважни нешта за стриите кои треба да ги знае секоја жена.

1. Стриите не можат целосно да се остранат

За разлика од полесните гребаници, чии лузни по некое време речиси целосно исчезнуваат, стриите е невозможно да се ,,избришат,, целосно од кожата. Иако постојат бројни третмани кои гарантираат успех, тие само можат да ги закамуфлираат максимално.

2. Кремите и лосионите имаат незначителен ефект

И додека со квалитетна и доследна подготовка на кожата со креми, масла и лосиони за тело може да се спречи настанувањето на стриите, во мигот кога тие ќе се појават на кожата, препаратите од овој тип повеќе не се толку ефикасни. Имено, кремите и лосионите против стрии можат да ја измазнат, нахранат и освежат кожата, па тоа може стриите да ги направи помалку видливи, но нема целосно да ги острани и тие ќе останат на кожата.

3. Нема спас од стари стрии

Стриите под име striae albaкои ги имаме добиено за време на растењето или наглите промени на тежината е неможно да се камуфлираат. Нив едноставо мораме да ги прифатиме како дел од нашето тело. Штотуку настанатите стрии, пак, кои се јавуваат најчесто за време на бременост, се уште можат да се скријат визуелно. Овие стрии се нарекуваат striae rubra. Поради бројните видливи капилари, тие имаат црвена или виолетова боја. Можат ефикасно да се остранат со ласерски третман, кој ќе ја острани видливата боја и максмално ќе ги измазни свежо настанатите ,,пукнатини,, на кожата.

Инаку, стриите се случуваат кај секој од нас. Безброј мажи и жени го имаат овој чест фрустрирачки проблем со кожата. Но, тие не се појавуваат кај секого. Дали ќе се добијат зависи од типот на кожата. Колагенот е протеин во кожата кој ја прави еластична и растеглива и е многу важен предуслов за добивањето на овие линии. Оние кои имаат многу колаген во кожата, многу помалку е веројатно дека ќе добијат стрии. Пред да се појават стриите, загрозената кожа станува тенка, се лупи и има розеникава боја. Може да се чувствува и чешање. По ова се појавуваат виолетови или црвени линии, кои можат по боја да бидат дури и црвеникаво-кафеави или темнокафеави, во зависност од бојата на кожата. Кога ќе се допрат, се чувствуваат мали нерамнини, испапчувања или вдлабнувања на кожата, пред таа да стане рамна.

Природни начини за намалување на стриите

Јајцата се богат извор на протеини. За стриите, се користи само белката, која содржи аминокиселини и протеини. Се матат белките од две јајца со вилушка и се нанесува смесата на претходно исчистена кожа онаму каде има стрии. Се остава да се исуши целосно, а потоа се измива со студена вода. На кожата потоа се нанесува маслиново масло, со цел да се хидрира. Оваа постапка треба да се повторува секојдневно, најмалку две недели.

Рицинусовото масло се користи за лекување на бројни кожни проблеми, како старечки пеги, темни дамки, мозолки, брчки и младежи. А се користи и кај стриите. Се нанесува дебел слој рицинусово масло на стриите и се масира со кружни движења 5-10 минути. Потоа се замотува масираното место со памучна крпа и се грее најмалку половина час, користејќи шише со топла вода или електрично перниче. Оваа постапка треба да се повторува секојдневно или неколку пати неделно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина