7 едноставни начини за победување на анкциозноста
Чувствувате дека сте под стрес? Анкциозноста нема посебен тајминг и доаѓа во вид на непријатно чувство тогаш кога најмалку очекуваме. Еве неколку совети кои можат да помогнат за нејзино успешно искоренување.
Гласно пеење
Пејте ја својата омилена песна, се што ќе ви падне на памет во дадениот момент. Потрудете се да пеете најгласно, бидејќи вибрациите произведени со пеењето делуваат смирувачки.
Изборете се со стресот во вистинска смисла на зборот
Вежбањето и физичката активност можат значајно да ја отстранат анкциозноста, бидејќи ендорфинот, хормон кој нашето тело го ослободува во текот на вежбањето значително го намалува нивото на стрес во организмот. Анкциозноста на најдобар начин се смирува со вежби кои го комбинираат визуелниот пристап во борбата со стресот, а боксот е совршена активност затоа што овозможува изворот на стресот да го визуелизирате на боксерската вреќа.
Силата е во редо ти хармонијата
Хаотичниот и неорганизиран простор во голема мерка може да влијае врз зголемувањето на анкциозноста. Нашето физичко опкружување придонесува за стресот исто како што тоа го прават луѓето околу нас, а уредениот чист дом води кон позитивни и ведри мисли. Сетете се на ова додека се подготвувате да го исчистите станот – нема сомнение дека ќе уживате во домашните работи.
Цртајте и бојте
Со цртањето и боењето, барем на кратко, може да се дистанцирате од тешките мисли и комплицираните ситуации во кои се наоѓате. Од таа причина на пазарот од неодамна се појавија боенки за возрасни, одлично нешто за опуштање и отстранување на секојдневниот стрес. Набавете една ваква боенка и започнете ја својата анти-стрес терапија со дрвени боции и фломастери.
Уживајте во вкусна храна
Бидејќи содржат материи како што се витамин Ц, антиоксиданси и омега-3 масни киселини, намирници како што се црната чоколада, оревите, авокадото и цитрусното овошје значајно делуваат на искоренување на стресот и анкциозноста. Подготвувајте вкусни оброци кои ги содржат овие намирници, а вашето добро расположение ќе ви ја докаже нивната ефикасност.
Изговарајте ја азбуката наназад
Концентрацијата која е потребна за азбуката да се каже наназад, проверено го одмораат умот од тешките мисли и проблемите кои ги притискаат. Кога следниот пат ќе бидете изложени на голем стрес, издигнете се од ситуацијата, кажете ја буквата Ш и почнете повторно наназад да ја кажувате абуката. Резултатите ќе ве одушеват.
Бидете благодарни
Могубрјни научни студии покажале дека благодарноста е еден од најдобрите лекови за анкциозност. Почнете да водите дневник на благодарност или креирајте листа на благодарност секојпат кога се чувствувате лошо. Ова е одличен начин за да ги смирите лошите емоции и истовремено да ги разбудите сите оние добри нешта кои го сочинуваат вашиот живот.


