Капија на рајот – едноставна техника за отстранување болка
Рускиот доктор Марк Сандомирски неодамна во едно ТВ гостување открил една техника со која сигурно ќе го отстраните стресот. Иако луѓето различно ги доживуваат анкциозноста и стресот, повеќето после стресен настан чувствуваат непријатност, како и чувство на тежина или дури и болка во телото. Првиот чекор кон ослободување од стресот е тој да се ослободите од негативните емоции. После психичките, мора да се ослободиме и од физичките симптоми, а тука најдобро ќе ни помогне рефлексологијата.
Иако не сте свесни за тоа, вашето тело поседува антистрес точки, кои е доволно да ги измасирате и сиот стрес ќе исчезне. Древните Кинези таа точка ја имаат наречено Шен Мен или ,,Капија на Рајот,,. Со масирање на оваа точка се намалува стресот, се зголемува протокот на енергија и се зајакнува имунитетот. Покрај тоа, се намалуваат воспаленијата и се ублажува болката во речиси секој дел од телото. Оваа точка се наоѓа во центарот на горната третина од увото.
За масажа, користете стапче за уши и со него нежно масирајте ја оваа точка. Дишете длабоко. Слушајте го своето тело. За сето време дишете длабоко. При вдишување гледајте во лево, а при издишување во десно. Ќе почувствувате како ви се смирува телото.
Дополнителни совети:
- Добро измасирајте ги ушите секој пат кога сте под стрес.
- Секоја вечер, пред спиење, повторно масирајте ги ушите.



