Од студенилото и сушењето на кожата, предизвикано од топлите радијатори, потребно е да се пронајде соодветна нега, која ќе и даде на кожата добра количина на влажност и еластичност. Но, не е доволно само да се мачка лицето со посебни, скапи креми. Важна е и негата одвнатре. А како да се успее во тоа?

Овој рецепт ќе и помогне на кожата да ја оддржи и врати еластичноста која ја загубила. Наменет е за две полни чаши напиток, која ќе и даде на кожата се што и треба, и тоа од одвнатре.
Состојки:
– две излупени киви
– два грста исчистен спанаќ
– половина грст босилок
– две зелени јаболки (исчистени)
– еден излупен лимон
– една чаша свеж зелен чај
Подготовка:
Сите состојки, според наведениот редослед, се ставаат во блендер и се миксаат додека не се соединат. Потоа добиената смеса се меша со оладениот зелен чај.

Овој напиток е полн со витамин Ц од јаболките и лимонот, а витаминот Ц е витамин кој го поттикнува производството на колаген, кој ја оддржува еластичноста на кожата. Кивито е богато со витамините Е и К, како и со лутеин, антиоксиданс кој го подобрува видот и здравјето на очите. Спанаќот е полн со железо, кое е битно за циркулирање на кислородот низ крвта, а босилокот е преполн со витаминот К, кој ги јакне ѕидовите на крвните садови и на тој начин го спречува појавувањето на темни кругови под очите. На крајот, зелениот чај ја штити кожата од штетните УВ-зраци, има антиинфламаторни дејства и одлично се бори со стресот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина