Сигурно до сега имате слушнато дека многубројни токсини од најразлични извори се причина за нарушување на здравјето. И, најверојатно веќе имате слушнато многубројни совети за детоксификација и отстранување на штетни материи од телото. Еден од можеби најчудните, но и сосема природни начини за чистење на телото од токсините е да се употреби активен јаглен.

Дали медицинскиот јаглен е некој нов бизарен тренд?

Одговорот на ова прашање е воопшто не. Всушност, старите Египќани го користеле уште пред 3750 години пред Христос, кога случајно откриле дека спречува труења. Тие го користеле како еден вид конзерванс, додека Хипократ во користел во медицински цели во стара Грција.

Активниот јаглен е црн, но нема вкус и мирис и е добиен на посебен начин со горење на природните состојки на високи температури во присуство на гас. На тој начин, во него се создаваат посебни пори, кои се всушност стапица за разни токсини. Површината на активниот јаглен е негативно наелектризирана. За разлика од неа, токсините во телото се позитивно наелектризирани и како такви се врзуваат за неговата површина и остануваат заробени во неговите пори. Медицинскиот јаглен не ги впива токсините, туку на некој начин ги лепи за својата површина, слично како магнет. Заедно со него, токсините се исфрлаат од телото преку столицата. На сличен начин делува и однадвор. Ги собира токсините и нечистотиите од кожата и забите и потоа едноставно само се мијат со вода.

 1. Белење на забите

Забите можат да пожолтат од многу причини – поради начинот на исхрана или лошите навики, како што е на пример пушењето. За блескава насмевка која привлекува внимание и шармира потребни ви се бели заби. Третманот на избелување може и дома да го направите со медицински јаглен. Потребно е да измешате активен јаглен во прав со паста за заби и да ги измиете забите на вообичаениот начин.

2. Активен јаглен за стомак

Доколку сте фатиле некаков стомачен вирус или сте за затруле со храна, па не знаете како да го сопрете проливот, активниот јаглен може да биде решението за вас. Тој ќе ги собере штетните вируси и бактерии и ќе ги исфрли низ столицата. Тој може да го реши проблемот на надуеност на стомакот и да ги ублажи киселините.

3. Го намалува холестеролот

Медицинскиот јаглен може да делува поволно на работата на срцето. Иако на ова поле е потребно се уште да се истражува, направените досега истражувања покажуваат дека тој има способност да го намали нивото на лош холестерол ако се зема 3 пати дневно. Исто така, се смета дека тој го спречува стврднувањето на крвните садови и појавата на артериосклероза.

4. Активен јаглен за лице и против мозолки

Мозолки на лицето? Постојат многу причини за нивната појава – од оние внатрешни, хормонални, до оние надворешни, кои не се ништо друго од нечистотии и бактерии заробени во порите на кожата. Активниот јаглен може да стане ваша нова хигиенска рутина.

Доволно е да направите маска за лице од една лажица алое вера гел, една лажица вода и една капсула јаглен. Ќе добиете црна смеса, која ќе ја нанесете на лицето и ќе оставите да делува неколку минути. Таа ќе го собере вишокот масти, нечистотијата, бактериите и ќе ги намали порите.

5. Црн шампон за коса

Покрај проблемот со вишок себум се јавува и проблемот со масна, слепена коса и коса со перут, а сето тоа не е ни малку естетски убаво. За да се ослободите од сето ова доволно е да додадете активен јаглен во шампонот кој го користите. Ќе се ослободите од нечистотиите и перутот, а косата покрај тоа ќе добие и волумен.

Има ли негативни дејства активниот јаглен?

Исто како и со лековите, и него треба да го користите со внимателност. Ако пиете редовно некаква терапија, гледајте да го земате најмалку 2 часа пред земањето на лекот. Ако го земете после, може да ги впие активните состојки на лекот и со тоа да го намали неговото дејство. Ако претерате со употреба на активен јаглен, нема да има некакви животно загрозувачки последици, но може да очекувате да имате црна столица, црн јазик, повраќања и запек.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина