Бременоста е голема животна пресвртница за жената. Покрај тоа што телото минува низ разни физички и емотивни промени, во жената расте и нов живот. Честопати тој ,,нов живот,, е причина за разни стравови кај родителите, да не направат нешто погрешно што може да му наштети на бебето, а главните забуни настануваат кога на ред ќе дојде темата за сексуалните односи. Тогаш не знаат како да постапат, што да прават и илјадници прашања им се вртат во глава.

Сведоци сме на разни, за против, коментари и раскажувања во нашата околина. Кои од нив се вистина, а кои митови имаат разрешено стручњаците и со тоа ги имаат решено грижите на идните родители.

Мит: Не можете да имате секс за време на сите девет месеци од бременоста.
Вистина: Партнерите може да имаат сексуални односи до 24 недела од бременоста, доколку бременоста не е ризична и не минува со проблеми. Во тој случај сексот не носи ризик.

 

Mит: Мажот може да го повреди фетусот за време на односот и спремата може да биде опасна.
Вистина: Мажот не може да го повреди фетусот, а спермата може да доведе до компликации, бидејќи нејзиниот состав може да доведе до започнување на предвремено породување.

 

Мит: Одделни пози за време на односот можат да ја повредат мајката.
Вистина: Можно е, па треба да се биде внимателен. Позите треба да се менуваат и да се прилагодуваат според тоа како расте стомакот.

 

Мит: Ако мајката има болки, сексот треба да се избегнува.
Вистина: Секоја болка предизвикува непријатност, а потоа и страв. Таквите ситуации бараат да се одбегнуваат сексуалните односи.

 

Мит: Сексуалните односи во последните денови од бременоста помагаат за полесно породување.
Вистина: Постои можност, некогаш сексот и се користел како метод за предизвикување породување.

 

Мит: Сексуалните односи во текот на последните недели можат да бидат опасни.
Вистина: Таа опасност се поврзува со предвременото породување, кое може да биде предизвикано од сексот. Од 24 недела од бременоста ризикот за такво нешто се зголемува.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина