За многу жени внатрешната страна на колковите претставува ,,проблем,, и сакаат да го промнат на сите можни начини. Меѓутоа, тоа и не е толку лесно доколку се работат вежби кои не се ефикасни за токму овој дел од телото. Еве неколку вежби со кои во најкус можен рок ќе ги тонирате мускулите на нозете и ќе го решите проблемот со вишокот на масно ткиво на внатрешната страна од колковите.

Чучнување со прекрстени раце.

vezbi2

 

 

Оваа вежба овозможува единствен тренинг за долниот дел од телото, го обликува задникот и препоните.

Како да се изведе вежбата: Застанете во став со раширени нозе, така што ќе бидат пошироко поставени од рамењата, а рацете поставени покрај телото. Чучнете колку што можете најмногу на левата страна, истовремено свртувајќи го десното стапало кон горе и исправајќи ја десната нога (десната нога останува во оваа положба, а торзото полека се ведне нанапред поради рамнотежа). Потоа рацете испружете ги пред себе. Вратете се во почетната положба и истото направете го и на другата страна. Направете по 2 – 4 сетови од по 8 – 12 повторувања.

Скокање во крст (Criss Cross Jumping Jacks)

 

criscros1

 

Ова движење влијае ефикасно врз мускулите од внатрешната страна на колковите, додека во истовреме се вежба и целото тело и се забрзува пулсот.

Како да се изведе вежбата: Застанете со собрани нозе и вдишете длабоко. Како што ќе издишувате, скокајте со раширени нозе, додека притоа рацете ви се прекрстени над главата. Потоа соберете ги нозете (при скок) и прекрстете ги како ножички – левата нога пред десната, додека десната оди преку главата, во висина на градите. Брзо повторувајте ја оваа вежба, секојпат менувајќи ги страните. Правете ја помеѓу 30 и 45 секунди.

Вежба со помош на топка

Со оваа вежба нема да ви треба долго време за да ги обликувате нозете, посебно внатрешниот дел на колковите.

Како да се изведе вежбата: Застанете малку подалеку од еден стол (измерете го растението со помош на раката) и држете се за него со десната рака. Раширете ги нозете во ширина на колковите, а стапалата нека ви бидат поставени паралелно. Ставете мала, мека топка (или перница со слична големина помеѓу препоните). Со левата рака ставена на колкот, подигнете ја петата и балансирајте на јагодиците од ножните прсти. Притоа свиткајте ги малку колената и малку спуштете се надолу, како да сакате да клекнете. Со препоните стиснете ја топката, грбот за сето време држете го прав и стегнете го стомакот. Повторете ја оваа вежба 30 пати.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина