За повеќето од нас млекото е синоним за здравје и често се смета за најдобра храна. Тоа секако е тоа, поради нутритивндали ите вредности, составот и, пред се, поради калциумот, кој е исклучително важен за нашите коски со доволно присуство на витаминот Д. Од друга страна, се повеќе постојат оние кои се бунтуваат против млекото и неговата исхрана кај возрасните. Млекото е единствениот пијалок кој агресивно им се наметнува на децата како здрава храна, а всушност е сосема спротивно. Консумирањето на пастеризирано млеко не е ни одблиску толку добро како што кажува млечната индустрија всушност, се повеќе научници и истражувачи ја побиваат теоријата дека млекото е здраво. Околу 99% од калциумот во организмот се наоѓа во скелетот, каде ја обезбедува механичката цврстина. Пастеризираното млеко не дава доволна количина калциум, па организмот го користи скелетот за да ја надомести оваа потреба. По подолго време, ова води до остеопороза.

Новата студија која ја имаат објавено истражувачите од шведскиот универзитет во Упсала во едно од најпрестижните медицински списанија – British Medical Journal, сугерира дека поголемата консумација на млеко може да се доведе во врска со поголемата смртност и честите скршеници на коските кај жените, односно со поголема смртност кај мажите. Студијата укажува на тоа дека жените кои пиеле три или повеќе чаши млеко дневно имале поголеми и почести скршеници на коските и поголема смртност. Мажите, пак, кои пиеле повеќе од три чаши млеко дневно имале малку повеќе зголемен ризик од смртност (пред се од кардиоваскуларен тип) во однос на оние мажи кои пиеле по една чаша млеко дневно. Тимот истражувачи од овој универзитет го знализирал и нивото на биолошките стрес маркери (оксидативен срес) и утврдиле дека и тие се во врска со зголеменото консумирање на млеко.

Она што е особено интересно е тоа што оваа студија звучи парадоксално. Внесувајте повеќе млеко кое е богато со калциум, кој е најважниот градбен елемент за коските и како последица на тоа ќе имате поголема можност за скршеници. Уште поинтересно е тоа што во рамките на оваа студија не била пронајдена поголема поврзаност помеѓу можноста за скршеници на коските и смртноста кога испитаниците внесувале млечни преработки, како што се сирење, јогурт и други. Дури било утврдено и дека консумирањето на овие производи ја намалува можноста за скршеници и смртност за 10% до 15%.

Шведските истражувачи сметаат дека е можно шеќерот Д – галактоза, кој е составен дел на млекото, да биде одговорен за овие резултати. Утврдено е дека Д – галактозата предизвикува стареење кај животните и е поврзана со оксидативниот стрес и воспаленијата. Кај ферментираните млечни производи, како што се сирењата, нивото на Д – галактозата е значително пониско отколку во млекото.

Во секој случај, потребни се понови истражувања за да може да се дојде до конечниот одговор. Меѓутоа, и оваа студија, како и податокот дека 64% од возрасното население не може да ја вари лактозата, млечниот шеќер, фрла ново светло на користењето на млекото. Додека неговото значење во исхраната на децата не се доведува во прашање, останува отворено прашањето за користењето на млекото и неговите количини кај возрасните. Додека да се добие одговор од некои нови истражувања, треба да и се вратиме на основата на сето она што го работиме – умереноста.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина