Состојки:

  • 1 филџан интегрално брашно
  • 1 ½ филџан полубело брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 дл. ладно цедено или маслиново масло
  • ½ лажичка сол
  • 2 лажичка сусам
  • ½ филџан соино млеко
  • ½ филџан вода

Фил:

  • 200 гр. тофу сирење
  • ½ дл. маслиново масло
  • 1 дл. павлака од соја
  • босилек
  • ½ лажичка сол
  • 500 гр. сварен грашок

(по желба, наместо грашок, може и пченка или варена брокула)

Подготовка:

Првите пет состојки од филот се миксаат во блендер. Полека им се додава грашокот. Првите 6 состојки се мешаат за да се добие тесто и им се додаваат водата и млекото. Се меси неколку минути, се покрива и се остава на страна да отстои околу 20-тина минути. Половина од тестото се развлекува. Се става филот и се покрива со другата половина од тестото. Одозгора се боцка со вилушка. Се пече ½ час на 180 °C. Се сече оладена и се служи со јогурт.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина