Леб од банани
Состојки:
- 3 банани
- 1/2 филџан бадемово брашно
- 1/2 филџан зобено брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка цимет
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C. Бананите измиксајте ги во блендер. Додајте им ги останатите состојки и добро промешајте. Плехот во кој ќе го печете обложете го со хартија за печење и тестото распределете го рамномерно во него. Печете 45 минути. Извадете го и оставете го да отстои 30 миути пред да го послужите.


