Козметичките стручњаци советуваат овие 9 состојки да ги вклучите во вашиот дневен ритуал на нега, бидејќи особините кои се присутни во овие состојки прават чуда за порите, помагаат да се зацврсти опуштената кожа и пред се, ги намалуваат фините линии од стареењето. Од друга страна, оние кои се со чувствителна кожа, исто така можат да се одлучат за овие природни состојки.

Не можете да престанете да ги фаќате неправилностите на лицето? Кожата ви изгледа безживотна? Ви се масти? Сите копнеат за чиста и сјајна кожа, но советите за убава кожа од вашата пријателка можеби не успеваат на вас. Погледнете кои неверојатни природни ,,лекови,, ќе ви ја омекнат кожата преку ноќ и ќе ви ја направат блескава, без притоа да ја исушат, да предизвикаат чешање или црвенило.

Алое вера
Алоето е најдобро за користење на кожата. Се што треба да направите е да земете еден лист алое вера и да го масирате лицето со неговиот сок. Оставете го да се исуши, а потоа измијте се со топла вода. Повторувајте го овој третман секое утро и за само една недела ќе забележите огромна разлика.

Кокосово масло
Кокосовото масло е уште една совршена состојка за употреба на кожата. Загрејте една лажица кокосово масло и втријте го во кожата. Држете го на кожата најмалку десет минути, а топлотата од масажата ќе ви помогне да ја омекнете кожата.

Маслиново масло
Маслиновото масло е најдобро за кожата, посебно во текот на летната сезона. Загрејте една лажица маслиново масло и втријте го на сува кожа. По десет минути, избришете го со помош на памучна вата. Можете да го измиете и со млака вода. Ако ова го правите секој ден, кожата ќе ви стане мека како бебешка.

Домати
Доматите се богати со витамин Ц, витамин кој ви овозможува кожата да изгледа добро за кратко време. Нанесете свеж домат на кожата и оставете да се исуши. По 15 минути, измијте го лицето со млеко и веднаш ќе ја почувствувате разликата во текстурата на кожата.

Папаја
Папајата е уште една состојка која ја прави кожата мека. Ако сакате кожата да ви изгледа убаво за помалку од 24 часа, нанесете маска за лице која содржи пулпа од папаја и сок од лимон. Маската се нанесува на влажно лице, а по 20 минути се мие со вода. Кожата ќе ви заблеска за кратко време.

Масло од чајно дрво
Дали сте знаеле дека маслото од чајно дрво му помага на лицето да се ослободи од дамките и лузните? Нанесете малку од ова масло на кожата и масирајте го 5 минути. Избришете го вишокот со памукче. По 10 минути, измијте го лицето со топла вода.

Краставица
Краставицата ја хидрира и храни кожата, а состојките од краставица ќе ви ги вратат природните киселини во кожата, кои ја штитат од бактерии и други инфекции.

Нане
Нането или ментата е најдобро да се користи на кожа, бидејќи содржи во себе ментол, кој дава ефект на ладење. Сокот или пастата од нане ставено на кожата помага да се изедначи тенот и да се негува кожата.

Млеко
Млекото е уште една намирница која може да ја подмлади и омекне кожата. Студеното млеко можете да го користите за секојдневно да го миете лицето, бидејќи тоа ќе ви помогне да добиете бебешка кожа. Калциумот присутен во млекото ќе ја ослободи кожата од мртвите клетки, ќе ги намали малите брчки, а помага и во намалување на мозолките.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина