Булгур ароматизиран со лимон
Состојки:
- 60 мл. кокосово млеко
- 1 лажица снегулки од кафеав ориз
- 180 мл. вода
- 70 гр. булгур
- прстофaт сол
- кора од ½ непрскан лимон
- 1 лажичка мед
Подготовка:
Зовријте ги заедно кокосовото млеко и 100 мл. вода и додајте им малку сол. Во водата ставете ги булгурот и снегулките и намалете го огнот. Варете 10-тина минути, додека булгурот не скате кремав. Мешајте ја смесата почесто и по потреба долевајте вода. Откако ќе се свари булгурот, тргнете го од огнот и додајте му ги изренданата кора од лимон и медот.


