На среќата обично гледаме како на нешто што ќе се случи само од себе, кога треба да се случи. Понекогаш тоа е и точно: многу работи може да се случат случајно, па тоа му го припишуваме на среќниот сплет на околности. Но многу настани кои ги сметаме за “среќни” не се случуваат така одеднаш. Тие се поврзани со активностите кои сами сме ги превзеле. Дури и за да добиеме на лотарија, треба прво да купиме ливче.

srekni_luge_naslovna

Истражувањето покажа дека луѓето ко сами себе се сметаат за среќни се однесѕуваат поинаку од оние кои се сметаат за несреќни.

Еден британски експеримент го проучувал однесувањето на оние луѓе кои себеси се сметале за среќни и оние кои себеси се сметале за несреќни во период од 10 години. Не само што постоела голема разлика во начинот на кој овие две групи луѓе им пристапувале на своите животи, туку и оние несреќните научиле доста корисни работи од оние кои се сметале за среќни.

Со други зборови, се покажало дека среќата не е нешто што ни се случува независно од нашата желба, туку нешто што е во нас- среќата многу зависи од нашиот поглед на живот.

Ова се четири тактики кои можеме да ги присвоиме од луѓето кои се сметаат за среќни.

1)Зграпчете го денот

Времето незапирливо тече. Среќните луѓе умеат да го искористат времето на најдобар можен начин, да не ги пропуштат приликите кои им се укажуваат и не оставаат ништо за утре. Се што треба да сторат, го прават веднаш. Она што ќе го пропуштат денес, можеби никогаш веќе нема да имаат прилика да го искусат.

2) Сметајте се себеси за среќни

Луѓето кои се сметаат себеси за среќни им пристапуваат на ситуациите со повеќе оптимизам и отвореност, а тоа , за возврат, ги става во подобра положба да ги прифатат сите пресврти во животот како среќни случувања. Многу од оние кои учествувале в истражувањето трвдат дека нивната „лоша среќа“ исчезнала кога почнале на светот да гледаат позитивно и кога самите себе се увериле дека имаат среќа.

3) Не мешајте ја среќата и случајноста

На луѓето често среќата и случајноста им се синоними. Сучајност е нешто што се случува надвор од нас, а среќата е нешто што се случува внатре во нас, Среќните луѓе не обрнуваат внимание на лошите работи кои им се случуваат, поминуваат преку нив и продолжуваат понатаму, не се идентификуваат со нив.

4) Добро обрнете внимание

Истражувањето открило дека оние луѓе кои себеси се сметале за среќни подобро ги забележувале работите околу себе. И едната и другата група добиле весници и биле запрашани да кажат колку фотографии виделе на нив. На несреќните луѓе им требало некое време за да ги избројат фотографиите, а среќните многу брзо давале одговор. На другата страница пишувало – „Престанете да броите, во овој весник постојат 43 фотографии“.

Пораката јасно се гледала на другата страна на весникот, но несреќните не ја виделе, додека среќните веднаш ја воочиле.

Зашто е тоа така? Таканаречените несреќни луѓе биле анксиозни, па заради тоа имале проблем со забележувањето – особено со забележувањето во непредвидени ситуации .

Сметајте се себеси за среќни и тоа и ќе бидете!