Канџи – напиток за душата и телото
Канџи е незаобиколен дел од лесната диета која на сите ајурведски клиники се спроведува со оние кои го започнуваат третманот “панча карма“, кој е посебен метод на чистење на организмот. Овој ајурведски напиток е одличен извор на енергија кога телото е дехидрирано или исцрпено од болести. Оризот има многу други моќи, освен што не држи сити и што го користиме во кулинарството. Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека може да ви помогне да се ослободите од секојдневните, но и необични проблеми. Се добива од басмати оризот, многу ароматичен вид на ориз, кој за време на подготовката мириса божествено. Од тука и потекнува неговото име, од индискиот збор за мирис – басмати. Кафеавиот басмати ориз е вистинска ризница на минерали и витамини, па затоа е повеќекратно корисен за организмот. Посебно карактеристичен е напиток кој се подготвува од него. Иако во основа претставува солена оризова вода, во дневната ајурведа се смета за еликсир на младоста и долговечноста. Овој пијалок го храни организмот и го враќа во рамнотежа, а поради добрите нутритивни својства му дава на телото енергија и сила. Како одличен извор на енергија, кога е телото дехидрирано или исцрпено после болест, канџи го враќа организмот во баланс, го поттикнува варењето на храната, па е одлично средство за одржување на доброто варење и витката линија.
Како се подготвува?
Канџи напитокот многу лесно се подготвува, а се препорачува да се пие во текот на целиот ден. Ова особено важи за оние кои сакаат да ја повратат витката линија. Во литар и половина вода се става еден грст измиен органски басмати ориз или кафеав ориз и се става сол по желба. Се вари на малку посилен оган, додека зрната не омекнат во целост и не го загубат својот облик. Напитокот може да се процеди, да се стави во термос и да се пие во текот на целиот ден, бидејќи треба да се пие топол.
Канџи не донесува само добро здравје, туку има позитивни ефекти и на кожата на лицето и телото. Бидејќи изобилува со аминокиселини, оризовата вода успешно ги намалува порите, ја затегнува кожата, ја стимулира подобрата циркулација на крвта и помага кожата да биде помека и подмладена, а тенот сјаен. Оваа ,,здрава водичка,, е богата со иноситол – јагленохидрат кој помага за зачувување на еластичноста на влакната и го спречува нивното кинење, па со редовна употреба косата станува поквалитетна и посјајна.
Напитокот канџи со памукче може да се нанесе на лицето како лосион за чистење, бидејќи го храни епидермисот и го освежува тенот. За да делува како маска, треба да се остави дваесеттина минути на лицето, а потоа да се измие со млака вода.
За поубава коса
Влакната од косата се премачкуваат по целата должина со топла оризова вода и се прекриваат со капа за туширање. Се остава да делува половина час, па се измива косата со топла вода и, по потреба, со благ шампон.
Со канџи закрепнуваат и цвеќињата
Добро е барем еднаш неделно наместо со обична вода цвеќињата да се залеваат со канџи.


