За да одбегнете болки во половината, во вратот, проблеми со очите и уште многу други проблеми, обидете се да ги правите овие осум рутини секој ден.

 

Подесете го компјутерот

 

sedenje-pred-kompjuter1

Многу е важно во која висина со очите ви е поставен компјутерот. Ако гледате многу надолу, можете да добиете болки во половината и вратот, а ако гледате многу нагоре, сигурно ќе имате суви очи. Користете држач за компјутер или куп книги за да го позиционирате мониторот или лаптопот за да можете да гледате во него надолу под агол од десет степени максимум.

 

Хидрирајте се

 

sedenje-pred-kompjuter2

Пиењето вода е неопходно за добро здравје, а како поткрепа во губењето на вишокот килограми и за имањето подобра кожа и поголема енергија, пиењето повеќе вода ќе ве натера почесто да станувате за да ја надополните чашата и, секако, за да мокрите.

 

Наместете аларм

 

sedenje-pred-kompjuter3

На секој час местете го алармот на вашиот мобилен или на компјутерот. Секојпат кога ќе се огласи алармот, станете од столот и направете круг околу работната маса..

 

Одбегнувајте лифтови

 

sedenje-pred-kompjuter4

Ако работите во висока зграда и треба да одите, на пример, од вториот на третиот кат, обидете се да ги користите скалилата наместо лифтот. Слично на тоа, ако возите до работното место, паркирајте го автомобилот неколку блока подолу од местото на кое работите. Така ќе можете да чекорите после целодневната напорна работа, со што ќе и помогнете на циркулацијата побрзо да циркулира, а со самото тоа ќе се придвижат и вашите мускули.

Вежбајте на работната маса

 

sedenje-pred-kompjuter5

Дискретно. Не препорачуваме да вежбате со тегови во 3 часот на пладне, но обидете се да правите едноставни, но ефикасни вежби, како што е на пример вежбањето на стомачните мускули со помош на комбинирање на работната маса и столот. Тоа не бара никаква опрема, а ќе ви ја раздвижи крвта.

 

Зголемете или ослепете

 

sedenje-pred-kompjuter6

Уште еден компјутерски трик: Секојпат кога можете, правете како баба ви што прави и зголемувајте ја големината на фонтот. Ако текстот е преситен, ќе ги собирате постојано очите и ќе замижувате, а тоа е број еден виновник за заморување на очите и за појава на главоболки.

 

Трепкање

 

sedenje-pred-kompjuter7

Сите ние трепкаме. Но, се покажало дека ако работите пред компјутер, треба почесто да го правите тоа, бидејќи зјапањето во мониторот значи дека треба да трепкате околу една третина повеќе од вообичаеното (спротивното од ова е уште една причина за појава на суви очи). Исто така, обидете се да го следите правилото 20-20-20 за гледање во мониторот. Тоа значи, на секој 20 минути гледајте на околу 20 стапки пред себе во некоја точка, 20 секунди.
 

Одморајте ги очите

 

sedenje-pred-kompjuter8

Колку и да е примамливо да ја напуштите канцеларијата и да одите да се одморите некаде надвор, прво обидете се да ги одморите очите. Секојдневното зјапање во мониторот не само што го ослабнува видот, туку води и до нарушување, кое е познато како Компјутерски Очен Синдром, прикриен име за сите оние очни проблеми кои можат да произлезат од постојаното зјапање во мониторот. Изгледајте нешто кое ви е омилено, но потоа станете и одете да свртите некој круг надвор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина