17 начини за тоа вашиот мозок да остане во кондиција
За вашиот мозок што подолго да остане активени да имате подобро паметење, морате навистина да се ангажирате и да се потрудите.
1) Шетајте, џогирајте или трчајте три часа неделно
Се што ви е потребно е еден час аеробик, три дена во неделата, и ќе видите значителен напредок во тестовите за меморија и логично размислување.
2) Играјте игри корисни за мозокот
Решавајте крстозбори, судоку и други игри за да го извежбате мозокот.
3) Учете
Потрудете се секоја вечер да одвоите еден час за читање на некој интересен материјал и потрудете се да запомните што е можно што повеќе детали. Одвојте по неколку дена за една област, како што правевте кога ќе подготвувавте испити.
4) Тестирајте се
Направете листа за купување, но, кога ќе пристигнете во супермаркетот или на пазарот, обидете се да се сетите што треба да купите без да гледате во листата.
5) Асоцијации
Доколку секое утро треба да испиете некој лек, а ви се случува да заборавите, поврзајте го земањето на лекот со чешлањето на пример. Додека се чешлате, кажете си себеси: “треба да го земам лекот.” Повторете го тоа неколку дена и повеќе нема да заборавите да го испиете лекот.
6) Шеќер
Проверувајте го нивото на шеќер во крвта. Луѓето кои имаат повисок шеќер во крвта, имаат поголема шанса да заболат од деменција.
7) Научете нов јазик
Започнете на курс по странски јазик, и набавете си списанија или весници на овој јазик, па така со нивно секојдневно гледање и прелистување ќе го извежбате вашиот мозок.
8) Кафе
Наутро, би требало барем да го почувствувате мирисот на кафе, кој спаѓа во еден од мирисите, кои најдобро го стимулираат мозокот. Ако сакате да пиете кафе, испијте една чаша пред да го напуштите домот.
9) GPS
Исклучете го GPS-от, и вежбајте ориентација во просторот.
10) Исхрана
Морковите, целерот и зелената пиперка се многу богати со лутеолин, хранлива материја која го намалува ризикот од појава на деменција.
Што друго е добро за мозокот:
– јаткасти плодови
– Намалување на внесот на алкохол
– Јадење боровинки
– Проверка на нивото на железо во крвта
– Уживање во сексот
– Јадење риба барем еднаш неделно
11) Спиење
Спијте подолго. Дремката од час, час и половина е доволна за да влезете во друга фаза на сонот, која не е не е РЕМ, во која мозокот ја брише краткорочната меморија, оставајќи простор за нови информации.
12) Гугл
Пребарувањето на интернет е одлична вежба за мозокот, тврдат научниците од Универзитетот во Лос Анџелес.
13) Заеднички ручек
Оброкот со своето семејство или пријатели, има многу позитивен ефект врз мозокот, поради тоа што развиениот социјален живот придонесува за здравјето на вашата психа.
14) Исклучете го телевизорот
Наместо омилената серија, подобро е да прочитате некоја добра книга или да се јавите на некој пријател. Интелектуалната стимулација и дружењето го намалуваат ризикот од појава на Алцхајмерова болест.
15) Медитирајте
Медитацијата од 15 до 30 минути дневно го намалува стресот, и е доволна за да го забави развојот на деменција кај луѓето на возраст од 55 до 90 години.
16) Стискајте ги своите тупаници
Стискањето тупаници влијае на зајакнување на меморијата и го олеснува паметењето. Учесниците во истражувањето, кои ја стискале десната рака пред да научат нешто, а левата рака пред да морале да се потсетат на наученото, имале подобри резултати за 15 проценти во споредба со групата која не ја работела оваа вежба.
17) Црн ким
Црн ким или црн сусам претставува вистинско гориво за мозокот.Учесниците во студијата, кои земале капсули од 500 милиграми чист црн ким во прав секоја вечер за време од девет недели, имале подобри резултати на тестовите за меморија.




