Ако некаде во домот случајно пронајдете шишенце глицерин, немојте да го фрлате!

Можеби не сте знаеле, но глицеринот може да се употребува за многу намени, како и за помош во најнеочекуваните ситуации, па ќе ви заштеди време, пари и нерви.

Еве на кои се начини можете да го искористите глицеринот.

За чистење на тешките дамки

Дамките од бобинките можете да ги елиминирате така што ќе го оставите глицеринот да отстои еден час на исфлеканото место, а потоа ќе го исплакнете во солена вода. Исто така, лесно ќе исчистите свежи дамки од кафе или чај доколку на извалканиот дел од облеката нанесете смеса од глицерин и кујнска сол  во сооднос 1: 1. Штом дамката избледе, исперете ја облеката на вообичаениот начин.

Против прашина

Доколку со глицерин ги исполирате лакираниот дрвен мебел и огледала, прашината нема да се таложи на нив.

Глицеринот ги обновува предметите од кожа

Доколку предметите од кожата го изгубиле својот сјај со текот на времето – јакна, чанта или кожна гарнитура, избришете ги со глицерин. Можеби нема да им го вратите првобитниот изглед, но ќе изгледаат многу подобро и поново.

Глицеринот ќе направи вашите подови да блеснат

Ако дома имате паркет или ламинат – избришете го со вода и глицерин (2-3 лажици глицерин на 5 литри вода). Подовите ќе блеснат!

glicerin_1

 

Глицерин за коса

Наједноставниот начин: додадете неколку капки глицерин во шампонот при секое миење на косата и косата ќе стане послушна, мека и хидрирана. Глицеринот може да се додаде во маските и пакувањата за коса, бидејќи оваа вискозна супстанца ја обновува косата и ја хидрира.

Глицеринот прави чуда за рацете

Во продавниците можете да најдете креми за раце со глицерин. Тие се исклучително корисни, како за студени, така и за топли денови. Во зима ги заштитуваат вашите раце од студ, а на лето ја ублажуваат иритацијата и чешањето. Можете едноставно да ставите малку глицерин на проблематичните и суви делови на вашите раце или да направите купка за раце: неколку капки глицерин да ги ставите во топла вода.

Глицерин за кожата на лицето

Глицеринот долго време се користи во козметичката индустрија и покрај еволуцијата на различните компоненти во козметиката, се уште е популарен помеѓу производителите. Факт е дека тој има уникатна способност – брзо ја апсорбира влагата и долго ја чува кожата хидрирана. Ako го нанесете на лицето, кожата нема да го апсорбира, туку глицеринот ќе создаде невидлив филм, кој привлекува микроскопски молекули на водата кои се наоѓаат во воздух, па со самото тоа и ја хидрира кожата.

Ако живеете во една средина каде што влажноста на воздухот е висока, глицеринот е вашиот незаменлив асистент. Ако влажност не е висока, глицеринот почнува да бара вода во подлабоките слоеви на кожата и на тој начин ја дехидрира. Немојте да користете глицерин за нега на кожата на лицето при ниска влажност на воздухот.

Ги обновува испуканите петици

Глицеринот може да се користи и за нега на грубата кожа на рацете, стапалата и испуканите петици. Рецептот е проверен и ефективен. По десет дена, ќе видите фантастични резултати! Вашите петици ќе станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.