9 намирници против депресија и тенка половина
1. Пуканки: Нутриционистите тврдат дека тие се најдоброто нешто за ублажување на нервозата и психичкиот притисок. Грицкањето и џвакањето на пуканките им помага на раздразнетите нерви да се смират. Тие се мудар избор, и од диетален аспект, бидејќи ако се подготвуваат на вистински начин, без масти, и ако не се прелеваат со калорични додатоци, не можат да влијаат на линијата. Една средна порција пуканки содржи само девет калории. Тие се здрави и за работење на цревата, бидејќи содржат влакна.
2. Печен компир: Истражувањата на Технолошкиот институт во Масачусетс покажале дека исхраната со т.н. комплексни јагленохидрати (како што е компирот) го згoлемува нивото на сератонин во мозокот, супстанција која помага за опуштање и чие ниво е многу значајно во настанокот, односно лекувањето на депресијата. Печениот компир (без масло, путер и преливи богати со масти) има само 145 калории по порција. Богат е со влакна, а може да се јаде само со екстра лути сосови од домати, кои помагаат во согорувањето на калориите или со немасен јогурт.
3. Супа: Врелата супа од зеленчук е преполна со хранливи состојки и се препорачува за смирување на напнатоста. Ќе ја јадете полека, бидејќи е врела, а со самото тоа ќе биде корисна во моментите кога ви е потребно опуштање. Супите во чии основи има вода, како што се на пример оние од домати, се одлични за сите оние кои внимаваат на линијата, бидејќи содржат само по деведесет калории на порција.
4. Морков: Овој зеленчук е најбогат со витамин А, кој е антиоксидант и е познат важен елемент во борбата против последиците кои го имаат долготрајно изложувано организмот на стрес. Морковот е нискокалоричен, богат е со влакна и им се препорачува на сите кои сакаат или кои се принудени да внимаваат строго на линијата. Една порција сирови моркови има само 20 калории, а во варени има 30 калории.
5. Портокали: Стручњаците за диетална исхрана истакнуваат дека витаминот Ц кој се наоѓа во ова овошје помага во производството на адреналинот, кој ни овозможува да се носиме со стресот. Тие се исто така корисни и поради тоа што содржат голема количина на влакна, поради што овозможуваат создавање на пријатна ,,исполнетост,, по нивната употреба, што дополнитено води до опуштање и убаво чувство. Еден портокал со средна големина содржи 62 калории.
6. Вода: Американскиот стручњак доктор гери Рос, кој има големо искуство во занимањето со превентивна медицина, препорачува секојпат која некоја стресна ситуација ќе ве доведе до фрижидерот, наместо да посегнете по непланиран оброк, да се напиете чаша вода. Таа му помага на нашиот организам да функционира исправно, а тоа прави да се чувствуваме подобро, делува благопријатно врз многу органи, посебно врз бубрезите, а нема калории и масти и помага во чувството за ситост.
7. Кафеав ориз: Уште една многу корисна диетална намирница која би требало секојдневно да се користи. Посебно се препорачува за оние кои се под стрес, бидејќи содржи два витамини од Б – групата на витамини, тиамин и ниацин, кои се познати како скапоцени елементи задолжени, покрај другото, и за смирување на раздразнетоста. Овој ориз е богат со влакна и е одличен за сите видови диети, бидејќи во него нема масти, а половина шолја од него содржи одвај 90 калории.
8. Банани: Кога организмот има напад на стрес, во него се јавува недостиг на калиум и витамин Ц. Бананите се токму богати со овие елементи. Тие се многу добри и во ситуации кога немаме време за оброк. Хранливи се и заситуваат, а не дебелеат. Не содржат масти. Една банана има 100 калории.
9. Јаболки: Велат дека едно јаболко на ден го држи докторот подалеку од дома. Тешко е да се набројат сите својства на ова чудесно овошје, но од него нема поидеална храна. Богати се со влакна, го ,,полнат ,,стомакот, а едно јаболко има 82 калории.


