Ослободете се од диетите:5 здрави совети за исхрана!
Престанете да се придржувате до некакви си интензивни и со краток рок диети. Не е тајна дека многу диетичари ги напуштаат своите планови за исхрана за неколку недели и дека оние кои ќе загубат неколку килограми успешно често ги враќаат двојно штом ќе им се вратат на секојдневните навики на исхрана. И двете нешта притоа можат да водат до подоцнежен емоционален и психолошки проблем.
Воглавно, нема ништо лошо во тоа да се држи диета. Сепак, целта да се биде послаб, поздрав и со поубаво тело оди во крив правец кога започнуваме екстремна диета за да постигнеме екстремни резултати за многу кратко време. Наместо да направиме промена во животните навики, ние се повеќе се подложуваме на секаков вид диетални техники и потоа правиме се само за да ,,ја протуркаме диетата,,. Потоа, штом ќе заврши диетата, им се враќаме на нашите стари навики и ,,стари тела,,. Од некоја причина, мислиме дека ако јадеме само разводнета супа цела недела, нема да ни се врати ниеден килограм назад кога ќе им се вратиме на омилените крофни и колачи. За жал, исхраната не функционира така. Сепак, вашиот диетален план не мора да биде толку комплициран и постојано разочарување. Храната не е проблемот што треба да го решите. Затоа, наместо да се вознемирувате и да мислите колку многу ќе патите со следниот диетален план, следете ги следниве едноставни правила. Тие ќе ви помогнат да научите како да направите одржливи и ефикасни промени во вашиот животен стил кои ќе траат.
-
Не јадете како професионалец
Ако не се стремите да станете професионален бодибилдер, тогаш зошто го упоребувате неговото мени? Никаде не стои дека за да бидете во форма треба да јадете белки од јајца и овес за појадок, пилешко, брокула и кафеав ориз за ручек и вечера. Иако можете да постигнете успех со консумирање на помалку од 1200 калории дневно, студиите покажуваат дека екстремната диета не помага. Долготрајниот успех доаѓа од развивањето на одржливи навики на исхрана. За да развиете поздрав животен стил, можеби ќе треба да размислувате поздраво од тоа да бидете ултра тенки и дека тоа е конечната цел на фитнесот. Сосема е во ред да сакате да ги имате тие плочки на стомакот, но тоа не значи и дека ќе бидете поздрави. Всушност, многу луѓе мора да паднат на многу низок процент на телесна маса за да можат да им станат видливи нивните стомачни мускули. Ако не можете да ја одржите таа есктремна диета, тогаш не можете да очекувате и мускулите да ви се покажат. Наместо да целите кон тие прекрасни мускули, започнете со помалку интензивни цели, кои ќе ви го променат животниот стил, како што е подготовка и јадење на оброците дома пет пати во неделата, пиење алкохол само за време на викендите или носењето на ручекот на работа или на училиште.
- Бројте без броеви
Мерењето на храната, броењето на калориите може да биде корисно во случај кога не се грижите што и колку внесувате во вашето тело. Секогаш е лесно да се збуните од толку многу броеви. Запомнете, овде важна улога има одржувањето. Наместо да броите калории и да внимавате да земете еден грам протеин на половина килограм од телесната тежина, користете ги општите правила, како што е земањето 20-30 гр. протеини по оброк или мерете ги порциите оброци со помош на раката. И покрај популарноста на програмите кои даваат стриктни препораки како што се високо ниво на масти, ниско ниво на јагленохидрати, високо ниво на протеини, моменталните докази покажуваат дека повеќе станува збор овде за тоталното внесување на калории отколку за составот на диетата.
-
Не ја прифаќајте секоја информација здраво за готово
Светот е полн со информации, но дури и добрите информации можат да бидат погрешно пренесени и сфатени. Така, диеталните совети кои велат дека солта може да ве надуе, жолчките од јајцата ќе ве убијат, или дека од вештачките засладувачи ќе се разболите од рак се малку надувани. Општо, ако веќе немате висок холестерол или сте предиспонирани за кардиоваскуларни болести, можете да јадете жолчки од јајца пред да се плашите дека ќе ви се блокираат артериите. Иако консумирањето на храна со холестерол може да ги зголеми нивоата на липопротеините со мала густина – честички одговорни за формирање на тромб во артериите, јадењето на жолчки всушност може да ги воздигне овие литопротеини, кои се добри за вас протеини и кои ќе ви помогнат да ги отстранат тромбовите од артериите. Освен тоа, жолчките се одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданси.
-
Јадете што сакате
Ако диетата ви е полна со храна што не ја сакате, колку долго ќе се придржувате до неа? Зошто да јадете брокула или карфиол ако не ги сакате? Постојат еден куп зеленчуци кои се одлични содржатечи на витамини и минерали како што се аспарагусот, марулата, прокељот, зелката, пиперките и уште многу. Не сте осудени да јадете цел живот брокула подготвена на пареа. Со давањето слобода во планирањето на своите оброци, можете да развиете попозитивен пристап кон себеси самите и кон јадењето. Ако не ви се јаде сладок компир, јадете обичен. Разликата меѓу двата вида е занемарлива.
-
Размислувајте долгорочно
Ако ги имате на ум сите горенаведени работи додека минувате низ вашето фитнес патување, сиурно ќе постигнете долгорочен успех. Не, салото нема да ви се стопи за четири недели и нема да изгледате како фотомодел, но знаете што? Стопроцентно ќе мате цврст напредок. А, само тоа и е важно.


