10 најчести сексуални фантазии во светот
Фантазиите се нормален и здрав дел од животот и најчесто се јавуваат кај задоволни луѓе кои немаат проблеми во креветот. Тие ни дозволуваат да уживаме во работите кои во реалноста можеби и не би имале можност или храброст да ги искусиме. Доколку сакате да фантазирате, знајте дека не сте единствени, бидејќи ова се најчестите фантазии на светот.
10) Егзибиционизам
Егзибиционистите сакаат другите да ги набљудуваат. Се од стриптиз до правење на секс снимки, може да се смета за егзибиционизам. Иако не сите би сакале да имаат домашно видео, 19 отсто од луѓето фантазираат некој да ги гледа за време на сексот, а 5 проценти фантазираат за тоа да се соблечат во јавност. Ако ова е и ваша фантазија, изведете стриптиз за очите на вашиот партнер, за барем делумно да ја задоволите својата фантазија.
9) Воајеризам
Воајери не се само оние кои се кријат со двогледи во грмушки. Секој оној кој ужива во гледање содржини за возрасни знае да се постави во позиција на воајер. Воајеризмот е честа фантазија и на мажите и на жените и ги вклучува сите случаи на набљудување на туѓиот секс од ситуација на која случајно налетуваме до ситуација која планирано ја набљудуваме. Ако сакате да ја остварите оваа фантазија безопасно, посетете нудистичка плажа.
8) Доминација
Моќта секогаш ги прави луѓето среќни, па затоа не изненадува што луѓето сонуваат за тоа да доминираат над својот партнер за време на сексот. Иако оваа фантазија е почеста кај мажите, присутна е и кај жените кои не сакаат да бидат пасивни и претпочитаат да ги превземаат работите во свои раце. Во доминација спаѓаат тепањето по задник, играњето улоги, употребата на костуми и валкани разговори. Двојките на кои ова им се допаѓа може да се обидат и со камшици, лисици и разни сексуални играчки.
7) Фантазија дека некој доминира над вас
Оваа фантазија е почеста кај жените отколку кај мажите. Жените од време на време посакуваат нивниот нежен маж да се претвори во силен човек кој ќе им покаже кој е шеф. Но, доминацијата не може да се случи без ваша дозвола и не смее да се пренесе на други области од животот.
6) Присилување на секс
Кај оваа фантазија жената или мажот очекува да биде присилен на сексуална активност. Изненадува она што овие фантазии се многу чести – дури 40 проценти од жените признале дека ги имаат. Во една студија од 1980 година, дури 45,8 проценти од мажите признале дека имаат фантазија во која жените ги присилуваат на секс, додека 44,7 отсто од жените признале дека фантазираат за маж кој ги присилува на секс. Но, тоа никако не значи дека жените сакаат да бидат силувани, па затоа бидете внимателни и не правете ништо, се додека не дознаете дека жената сака да ја реализира оваа фантазија со вас.
5) Ученичка и професор
Ова е една од омилените женски фантазии. Во оваа фантазија, еден од партнерите глуми ученик / ученичка, а другиот професорка/ професор, а најчесто се случува ученикот да мора да биде казнет заради нешто и исплескан по задникот. Оваа фантазија е слична на фантазијата со шефот, заради моќта што шефот и професорот ја имаат во поглед на своите подредени.
4) Секс на јавни места
Според списанието „Men’s Health“ , 64 проценти од жените сонуваат за тоа да имаат секс надвор од домот, било да се работи за плажа, полјана, водопади, или некое друго не-толку-романтично место како јавен тоалет или лифт. Оваа фантазија е поврзана со егзибиционизмот: иако новото место е главниот нагон, ризикот дека некој може да ве фати ги прави нештата уште повозбудливи. Оваа фантазија е една од оние фантазии кои луѓето кои ја посакуваат и ја остваруваат на дело.
3) Секс со странец
За многу луѓе, желбата да имаат секс со странец им е неодолива. Има нешто возбудливо и мистериозно во тоа да се впуштиме во односи со некој кон кого немаме обврски и на кого понекогаш дури и не му го знаеме името. Притисокот е многу помал, бидејќи немаме желба да ја импресионираме оваа личност, па не се плашиме ниту да пробаме нови работи. Неодамнешните студии покажале дека бројот на врски за една ноќ е во постојан пораст.
2) Секс со шефот
Сексот со колега, а особено со шефот, е исклучително храбар потег. Не само што може да создаде тензија во канцеларијата и да ги направи работите непријатни, туку може да доведе и до обвиненија за сексуално вознемирување и отпуштање. Од друга страна, многу луѓе фантазираат да имаат секс со шефот или своите вработени. Ако постои и ризикот да бидат фатени – уште подобро! Дури 56 отсто од жените фантазираат за тоа, како и 61 отсто од мажите.
1) Tројка
Пред неколку децении тројката беше табу тема во општеството. На сексот во тројка се гледаше како на нешто валкано. Но, денес е потполно поинаква приказна. Тројката е попопуларна од било кога, благодарение на фактот дека се повеќе и повеќе е присутен ваквиот вид на секс во медиумите, а ваква забава може да се договори и преку интернет. Без оглед на непријатноста и љубомората која може да биде предизвикана, многу парови размислуваат за секс во тројка кога сакаат да го освежат својот љубовен живот.




