morkov_naslovna

Морковот не е само вкусен додаток на вашите омилени јадења, туку е и многу лековит зеленчук.

Ако сеуште не сте сигурни дали во оброкот да додадете и морков, ви претставуваме неколку повеќе од добри причини зошто би требало да го сторите тоа.

Покрај тоа што е здрав, морковот е и вкусен додаток на сите јадења, па така супите, чорбите или гулашот се едноставно незамисливи без него. Прочитајте за тоа како морковот влијае и како го подобрува здравјето на кожата, очите, забите и варењето на храната.

1.Морковот на прво место е богат со бета каротин – многу моќен антиоксидант кој , покрај многуте други придобивки, во телото се претвора во витамин А, кој го одржува здравјето и убавината на кожата.

2.Кога станува збор за доброто варење, морковот има големо влијание. Тој го стимулира производството на плунка и ги собира есенцијални минерали, витамини и ензими кои го подобруваат варењето на храната. Редовното консумирање на свежи моркови може да ја спречи појавата на гастритис и многу други дигестивни проблеми.
3.Морковите се богати и со алкални елементи кои ја прочистуваат и ревитализираат крвта, а во исто време го помагаат постигнувањето на добра рамнотежа на киселините во организмот.

4.Калиумот е исто така еден од минералите со кои морковот е многу богат, а тој му помага на нашиот организам во одржувањето на добра рамнотежа на натриум, што автоматски влијае на одржувањето на стабилен крвен притисок.

5.Со консумирање на моркови ги неутрализираме бактериите во устата и на тој начин го спречуваме крварењето на забите.

6.Морковот може да се користи како прва помош кај исеченици и гребнатинки. Направете облога од рендан морков. Ако се сомневате, пробајте при првата прилика.

7.Освен сето ова, морковот содржи и фитонутритиент наречен фалкаринол, кој го подобрува здравјето на дебелото црево и јаспречува појавата на рак.

8.Овој прекрасен зеленчук е многу добар за регулација на шеќерот во крвта, бидејќи содржи каротеноиди.

9.Кога станува збор за здравјето на срцето и крвните садови, и тука морковите можат да ни помогнат, бидејќи со помош на абсорбирачките влакна со кои се богати, имаат можност да го зголемат добриот, а да го намалат лошиот холестерол и на тој начин превентивно да дејствуваат врз згрутчувањето на крвта и здравјето на срцето.

10.И на крајот, препорачуваме што повеќе да јадете моркови поради нивното влијание врз здравјето на очите, косата, ноктите, и тоа на таков начин што ја помагаат детоксикацијата на организмот и обновувањето на клетките.