Мажите со мал број сперматозоиди имаат поголеми изгледи да патат од низа здравствени проблеми, што ги изложува на поголем ризик од заболувања, покажало најновото истражување пренесено од страна на ББС. Истражувањето, кое опфатило 5177 мажи, покажало дека оние со мал број на сперматозоиди имале за 20% поголеми изгледи да имаат повеќе масно ткиво, поголем крвен притисок и повеќе лош холестерол. Исто така имале и поголеми изгледи за пониско ниво на тестостерон.

 

Метаболички синдром

 

Авторите на студијата велат дека таа покажала дека мажите со мал број на сперматозоиди треба потемелно да се прегледуваат. Нискиот број на сперматозоиди и нивниот лош квалитет се појавуваат кај секој трет пар кој има потешкотии да зачне дете. За потребите на ова истражување научниците аналиизрале мажи од неплодни парови во Италија, со цел да утврдат дали квалитетот на спермата е поврзан со општото здравје на мажот.

 

Тие утврдиле дека мажите со мал број на сперматозоиди имаат метаболички синдром – збир на фактори на ризик, меѓу кои спаѓаат и поголемиот индекс на телесна маса и зголемен крвен притисок. Toа го зголемува ризикот од развој на дијабетес, срцеви болести и мозочен удар. Тие исто така имале за 12 пати поголеми изгледи за ниско ниво на тестостерон, кое го намалува мускулното ткиво и густината на коските и може да биде прекурсор за остеопороза, состојба при која коските слабеат и полесно се кршат.

 

 

Покус животен век

 

Водичот на истражувањето, Алберто Ферлин, изјавил:

 

  • Неплодните мажи имаат поголеми изгледи да имаат истовремено позначајни здравствени проблеми или фактори на ризик кои го влошуваат квалитетот на живот и можат да го скратат животниот век.

Анализата на фертилитетот им дава на мажите единствена можност да го проценат здравјето и да ги спречат болестите. Научниците истакнуваат дека нивното истражување не докажало дека малиот број на сперматозоиди доведува до метаболички проблеми туку дека тие се поврзани.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина