Бактериите се корисни?
Првата асоцијација за бактериите е дека тие се – штетни. Честопати и се, но постојат и добри бактерии, т.н. пробиотици, посебно оние од млекото, кои му помагаат на организмот да се избори со состојбите и болестите.
Инфекции на уринарниот тракт
Најновото истражување објавено во списанието Archives of Internal Medicine, покажува дека двата пробиотици, Lactobacillus rhamnosus и Lactobacillus reuteri се ефикасни речиси исто колку и антибиотиците во елиминирањето на инфекциите на уринарниот тракт. Кога се земаат два пати дневно на празен стомак во текот на една година, овие пробиотици доведуваат до пад од 51,4% на бактеријата E. coli, која предизвикува инфекција на утинарниот тракт. А, за разлика од антибиотиците, пробиотиците немаат негативни ефекти.
Отпорност на антибиотици
Истото истражување открило и дека бактериите во голема мерка станувата отпрони на антибиотиците амоксицилин и триметоприм-сулфаметоксазол, и тоа во рок од месец дена. E. coli бактеријата била резистентна 20-40% на овие антибиотици на почеток од иистражувањето, a по еден месец од земање на антибиотиците отпорноста пораснала на 80-95%. Тоа значи дека овие антибиотици по месец дена повеќе не се корисни за лекување. За разлика од антибиотиците, не се јавила отпорност на пробиотиците кои биле користени во лекувањето.
Габични инфекции
Неодамнешното истражување објавено во списанието Infectious Diseases in Obstetrics and Gynecology покажало дека за четири недели од земањето на пробиотиците Lactobacillus rhamnosus и Lactobacillus reuteri за 90% се повлекле симптомите на вагинална габична инфекција. До крај од истражувањето, жените биле целосно излечени од габичните инфекции од кои пателе.
Стрептококна инфекција
Истражувањето објавено во Journal of Clinical Pediatric Dentistry открило дека Lactobacillus rhamnosus од млекото доведува до значително опаѓање на стрептококите во усната шуплина. Ова е важно, бидејќи инфекцијата со стрептокок се поврзува со многу посериозни здравствени состојби.
Детска егзема
Истражувањето објавено во списанието BMC Microbiology открива дека посоти поврзаност помеѓу девијациите во цревната флора и егземот кај децата. Истражувачите исто така откриле и дека суплементите Lactobacillus rhamnosus обезбедуваат мали, но долготрајни позитивни ефекти врз егземата.
Дијабетесот и метаболичниот синдром
Истражувањето објавено во списанието Biochemical and Biophysical Research Communications истакнува дека суплементацијата со Lactobacillus rhamnosus може да ја подобри чувствителноста на инсулин. Резултатите од ова истражување им даваат надеж на оние кои патат од метаболички синдром и дијабетес, бидејќи чувствителноста на инсулин за овие пациенти е од суштинско значење.


