Морско јајце: одличен афродизијак и лек за штитната жлезда
Во недостаток на инспирација или поради сличности со копнените суштества, луѓето на разни суштества и појави им давале имиња од истите оние кои веќе постоеле во нивната околина. Па така постојат кучиња, мачки, глувци, зајци, ежиња и т.н., сите со придавката морски. Едно од најлогичните имиња кое чекало да се претвори во морско е и јајцето.
Единствена сличност на морското јајце со она копненото е можеби во подобрата внатрешност. Жолчката која се гледа кога ќе се отвори морското јајце се всушност неговите репродуктивни органи, кои се исклучително хранливи, што е и логично, бидејќи од нив се раѓа нов живот. Морските јајца се познати низ целиот Јадран, но и во Европа како храна од морето полна со јод, селен, хром, цинк, кобалт и т.н. Поради големите количини минерали, вкусот им е изразито горчлив, па повеќето не можат ни да ги гледаат, а камоли да ги изедат. На оние на кои не им пречи горчината, ќе изедат неколку парчиња како ништо. Јодот е важна состојка на човековата исхрана, првенствено бидејќи штитната жлезда го користи за создавање хормони.
Ретко која состојка од нашата исхрана го содржи овој минерал, па тој вештачки се додава во морската сол. Една од нус-појавите од јадењето морски јајца е зголеменото внесување јод во организмот. Тоа се манифестира со отечени веѓи и лице, што е всушност добро, бидејќи ако продолжите да го внесувате последиците би биле многу полоши. Оние кои се алергични на јод, не би смееле да ја јадат оваа морска делиција.
Секако поради големиот број минерали, една од претпоставките е и дека се работи за најдобриот можен афродизијак, па и денес во народното предавање се препорачува со цел подобрување на сексуалните моќи. Исто така, им се препорачува на жените кои имаат проблеми со штитната жлезда.
Поради сличниот начин на живот кој го има со школката, народот отсекогаш сметал дека морското јајце е вид школка, па дури и во некои ресторани во менијата се наведени како школки.
Во некои други земји од Медитеранот е заштитен вид, бидејќи тие земји имаат многу поголема традиција на дегустирање морски плодови, а важноста на овој морски филтер е многу голема.
Денес, морското јајце е многу лесно да се најде во комерцијални води. Потешко се наоѓа во природата. По изглед наликува многу на каменот на кој се наоѓа и неговите бои. Се препознава како неприроден облик на камен, а кога ќе се допре, е мек. Лесно се вади од каменот. Најмногу расте 15 см во должина. Му припаѓа на видот Microcosmus sulcatus.


