6 најчести митови кои се поврзуваат со артритисот
Почесто од оваа болест заболуваат жените, главно на возраст помеѓу 20 и 40 години. Со оглед на тоа што се уште не се знае точната причина, за ревматскиот артритис, за жал, нема вистински лек. Лошата вест е и што исто така постојат многу неточни информации за оваа состојба, кои можат да доведат до фрустрации и лошо лекување. Ова се 6 најчести митови кои се поврзуваат со артритисот.
МИТ 1: ОДБЕГНУВАЈТЕ ВЕЖБАЊЕ
Секако, прекумерното движење може да доведе до појава на болки ако боледувате од ртритис, но ова не смеете да го сфатите дека воопшто не смеете да вежбате. Германскиот стручњак по спортска медицина, Клаус Бос, им советува редовно, но умерено вежбање, на сите свои пациенти со артритис, бидејќи така можат да го забават напредувањето на болеста. Стручњакот препорачува пливање, восење велосипед, лесно џогирање и вежбање аеробик, па дури и само истегнување и одење, но од друга страна советува одбегнување одбојка, фудбал, ракомет или тенис. Токму овие спортови се шттени за локомоторниот систем на болните од артритис.
МИТ 2: ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ЈАБОЛКОВИОТ ОЦЕТ
Порано се сметало дека јаболковиот оцет, кој содржи бета-каротен, ги напаѓа слободните радикали, кои инаку би можеле да го нарушат нашиот имунолошки систем. Факт е дека јаболковиот оцет речиси и да не содржи бета-каротен, а дури и да не е така, има премалку научни докази кои би потврдиле дека ги намалува болките предизвикани од артритис. Не мора да го одбегнувате, но не сметајте на неговата помош.
МИТ 3: МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ МОЖАТ ДА ЈА ВЛОШАТ СОСТОЈБАТА
Можеби сте наишле на тврдења дека млечните производи можат да ја засилат болката предизвикани од атритис, но оваа претпоставка ја потврдуваат малку студии. Една студија, објавена во списанието Arthritis Care & Research, покажува дека кај оние жени кои повремено консумирале млечни производи се намалила шансата за напредување на болеста. Сепак, умереноста е решение за се.
МИТ 4: СИРОВАТА ХРАНА ПОМАГА
Исхраната која се базира на сирови намирници значи консумирање на многу овошје и зеленчук и одбегнување на тешка и преработена храна. Иако е здрава, сигуно нема многу да помогне кај болки од артритис. Може да се случи и некое време да имате проблеми со варењето, додека организмот да ви се навикне на консумирањето големи количини влакна.
МИТ 5: ЦРВЕНОТО ВИНО ЌЕ ПОМОГНЕ
Пред неколку години, во списанието “Nucleic Acids Research” беше објавена студија дека одредени компоннети во црвеното вно можат да ги ублажаѕ болките предизвикани од aртритисот. Сепак, и тука е важна умереноста – се советуваат 1 – 2 чаши вино во текот на еден ден.
МИТ 6: КАФЕТО ЈА ЗАСИЛУВА БОЛКАТА
Се смета дека кафето не прави нервозни и го зголемува чувството на болка како последица од артритис. Научниците, сепак, сметаат дека кофеинот може да го превенира развојот на состојбата која се поврзува со артритисот. Умереноста и овде е важен фактор.


