Дајте и можност на оваа диета и за 12 недели ќе го имате најдоброто тело досега. Но, ќе работите и вежбате напорно речиси секој ден. Ќе мора да се навикнете на шест мали оброци дневно, од кои повеќето со лесни протеини и здрави јагленохидрати. Според основачот на диетата, Бил Филипс, овој распоред на оброците треба да го оддржува стабилно нивото на шеќер во крвта, да ви даде повеќе енергија и да го спречи прејадувањето.

 

Што можете да јадете?

За секој оброк добивате порција протеини и јагленохидрати со големина на еден грст. Исхраната се состои од околу 40% до 50% протеини и јагленохидрати, и многу малку масти.

 

Можете да јадете леб, тестенини, компир, месо, овошје, зеленчук и мали количини одредени масти. Диетата бара барем два оброци зеленчук и 10 чаши вода дневно. Еднаш неделно добивате слободен ден, кога можете да јадете што сакате. Освен на слободниот ден, не можете да јадете сланина, масно говедско месо, хот – дог или пржено месо. Не смеете да јадете ниту преработена храна, како колачиња, слатки, бел ориз, чипс, ниту да пиете газирани сокови. Путер, мајонез, кокосово масло и полномасни млечни производи се исто така забранети.

 

Растителните извори на протеини, како гравот, често содржат и јагленохидрати. Мора да се погрижите да останете во рамките на препорачаниот внос на јагленохидрати и протеини. Оваа исхрана е многу тешка за веганите.

 

Пример за мени

 

Ден 7:00 ч 10:00 ч 13:00 ч 16:00 ч 19:00 ч 22:00 ч
1 Омлет од 6 белки, 1/2 шолја зобена каша подготвена со вода Шејк Туна на скара, брокула и млад компир Протеински бар Шницла со  батат компир и мешунки Сирење со боровинки
2 Немасен колбас, кајгана од белка и немасно сирење Шејк Теријаки лосос со варен спанаќ и кафеав ориз Шејк Шницла со шпаргли и печен компир Сирење со јагоди
3 Протеинска палачинка Шејк Пилешки гради и зеленчук од скара Шејк Суши со кафеав ориз Зелена салата со сирење
4 Кајгана од белки, 1 парче тост Шејк Салата од пилешко, зелена салата, кафеав ориз, црн грав, домат, лук и   авокадо Протеински бар Тофу со зеленчук и кафеав ориз Сирење со грозје
5 Омлет од 6 белки Протеински бар Плескавица од мисиркино месо со зелена салата и домати Шејк Лосос на скара со краставица, зелена салата и печен компир Сирење со јаболко
6 Протеинска палачинка Шејк Чили од мелено мисиркино и грав, зелена салата Протеински бар Пилешко со печурки, грашок и тестенини Сирење со јогурт
7 Слободен ден

 

 

Дали е здрава диетата?

 

Контролата на големината на порциите и одбегнувањето празни калории можат да помогнат во губење на непосакуваните килограми. Меѓутоа, акцентот на протеините и јагленохидратите, а само две порции зеленчук дневно, може да доведе до недостиг на одредени витамини, минерали и влакна.

 

Планот е повеќе насочен на тренинг на силата и недостасува аеробна активност (150 минути дневно).

 

Може да чувствувате замор поради намалениот внос на калории и интензивното вежбање. Започнете полека и слушајте го сопственото тело. Прво обратете се на доктор, ако имате какви било здравствени проблеми или ако досега не сте биле физички активни.

 

Што велат стручњаците?

 

Програмата Body for Life комбинира два докажани елементи клучни за слабеење: помалку внесени калории и повеќе потрошени калории. Ако внимателно го следите планот на исхрана, најверојатно ќе го загубите вишокот килограми и ќе изградите мускули. Но, не претерувајте со јадењето во слободниот ден.

 

Истражувањата не покажале дека јадењето на чести, помали оброци е успех во губењето на тежината, иако може да има други здравствени предности. Почестите оброци можат да го намалат чувството на глад, кое е чест проблем кај диетите.

 

Остранувањето на вишокот килограми ќе ви помогне во спречувањето и лекувањето на дијабетесот, високиот крвен притисок и болестите на срцето, без разлика на тоа која диета ќе ја одберете. Но, ќе мора да внимавате на холестеролот, вносот на сол и маснотии со овој план на исхрана.

 

Оваа диета може да содржи повеќе протеини отколку што би требало да јадете ако имате бубрежни или други здравствени проблеми, па затоа е потребна консултација со својот доктор или со диететичар, за да бидете сигурни дека ви одговара овој план на исхрана.

 

 

Тагови: Диети
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина