Кромидот му припаѓа на семејството на алиуми. Богат е со соединенија кои содржат сулфур, кои се одговорни за неговиот силен мирис, но кои се многу добри за зачувување на здравјето.

Можеби лукот се смета за природен антибиотик бр. 1, но не треба да се потценува ниту кромидот. Стручњаците се согласуваат дека постојат некои состојби и болести кои можат да се излекуваат само со кромид, без употреба на други лекови.

1. Затнати уши
Создавањето церумен во увото го штити од инфекции, но ако го има премногу, ушите можат да се затнат, па дури и да болат.Т оа може да се излекува на овој начин: сварете кромид и ставете едно парче во увото. Само немојте да го туркате длабоко во ушниот канал. Отспијте така една вечер. Соковите од кромидот ќе го омекнат церуменот, па ќе можете да го отстраните без мака.

2. Изгореници
Ако печењето, готвењето или пеглањето се дел од вашето секојдневие, тогаш сигурно знаете што се тоа изгореници. Ставете кромид на нив и боката ќе исчезне.

3. Убод од оса или пчела
Ако сте алергични, каснувањето од оса или пчела знае да биде многу опасно. Затоа, ако ви се случи тоа обидете се да бидете смирени и да не паничите. Обидете де да ја извадите боцката или дајте на некој друг да го направи тоа. Не го притискајте каснатото место, само ставете му парче изблендиран кромид. Отокот ќе исчезне.

4. Висока температура
Сигурно се сеќавате како кога сте биле мали баба ви ви ставала кромид во чорапите за да ви ја намали температурата. Да, тоа е еден природен начин за намалување на повишената телесна температура.

5. Детоксикација
Кромидот е одличен сојузник во исфрлањето на отровите од организмот. Со почеток на пролетта, време е да го исчистите организмот од насобраните отрови преку зимата, па слободно пробајте ја оваа навистина одлична и пред се евтина детоксикација.

6. Го штити кардиоваскулаторниот систем

Сулфурните соединенија во кромидот го спречуваат згрутчувањето и создавањето на тромбовите. Покрај тоа, овие соединенија го намалуваат нивото на холестерол и триглицеридите во крвта и го подобруваат функционирањето на клеточната мембрана на црвените крвни зрнца. Кромиот може да спречи и некои срцеви заболувања.

7. Добар е за коските и за сврзното ткиво

Истражувањата покажале дека кромидот може да помогне во зголемување на густината на коските. Тој е посебно корисен за жените во менопауза, кај кои се губи густината на коските. Оние жени кои ќе го стават во своето секојдневно мени за време на менопаузата ќе го намалат ризикот од кршење на колкот и ќе ги зајакнат коските. Сулфурот во него е одличен и за сврзното ткиво, бидејќи токму тој им е потребен на многу компоненти кои се содржат во него, со цел да се формираат.

8. Штити од рак

Докажано е дека кромидот го намалува ризикот од забаолување од некои видови рак, дури и ако се консумира умерено. Тој го намалува ризикот од рак на јајчниците.

9. Други полезности од кромидот

Кромидот има потенцијал да го подобри балансот на шеќерот во крвта и да спречи бактериски инфекции. Покрај сулфурните соединенија, и флавоноидот кверцетин кој се содржи во него има антибактериски својства.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина