Постојат бројни диети за брзо губење на килограмите. Обично се работи за начин на исхрана со ограничена калориска вредност кои не се добри за организмот и кои гарантираат враќање на сите килограми откако ќе се престане со држењето на тие рестриктивни правила на диетата. Ако сакате да го загубите вишокот килограми, не треба да држите диета. Стручњаците советуваат намалување на телесната маса со промена на животните навики, односно воведување нови трикови во секојдневниот живот.

 

1. Јадете појадок секој ден

Многумина сметаат дека прескокнувањето на појадокот е одличен начин за намалување на внесените калории. Но поради тоа на крајот јадат повеќе во текот на денот. Покрај тоа, студиите покажале дека оние кои појадуваат имаат помал индекс на телесна маса од оние клои не го прават тоа.

 

2. Мијте ги забите по вечерата

Поголемиот број луѓе ни не знае колку храна јаде навечер додека гледа телевизија, сурфа на Интернет или си игра на компјутер. Наместо да миете заби навечер, направете го тоа непосредно по вечерата и со тоа намалете ја можноста да претерате со грицките покрај омилената телевизиска серија.

 

3. Одбегнувајте калорични сокови

Да, газираните сокови имаат многу калории. Ако пиете многу индустриски преработени сокови, килограмите многу лесно ќе ги загубите ако ги замените со обична вода.
Одвреме – навреме наградете се со свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, како и со немасно млеко.

 

4. Не јадете помалку, јадете подобро

Оние кои се на диета многу често се жалат дека не се сити, па поради тоа фантазираат за масна и калорична храна, па со тек на време се откажуваат и се враќаат на старите нездрави навики. Стручњаците се согласуваат дека не е важно да се јаде помалку, туку поздраво.

 

Опремете ја својата кујна со мноштво свежо овошје и зелечнук и јадете ги со секој оброк. Исхраната ќе ја збогатите со витамини, минерали, прехранбени влакна и други полезни нутритиенти, па нема да доаѓате во искушение за грицки и слатки.

 

5. Јадете интегрални намирници

Интегралниот леб и тестенините се полни со прехранбени влакна кои ја поттикнуваат дигестијата и кои подобро заситуваат од производите изработени од бело брашно. Токму затоа се наметнуваат како попаметен избор во исхраната.

6. Контролирајте ја содржината во фрижидерот

Ако фрижидерот ви е полн со калорични намирници кои не се добри за вас, голема е веројатноста дека нема да се спротивставите на нивниот повик. Нутриционистите затоа советуваат фрижидерот да го наполните со немасни белковини, мноштво овошје и зеленчук и други здрави намирници.

 

7. Намалете ги порциите за 10%
Се придржувате до сите овие совети, но и понатаму не губите од килограмите?ќе ослабнете ако вообичаените порции ги намалите за 10% или 20%.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина