Сите кои патат од хипертензија, дијабетес или имаат во семејството случаи на откажување на бубрезите, се под зголемен ризик од појава на бубрежни болести. Toа, меѓутоа, не се единствените загрозени категории, бидејќи нефролошките заболувања можат да се развијат кај секого, па затоа е важно да се води сметка за здравјето на бубрезите.

 

Постојат многу едноставни начини како може да им се помогне на бубрезите да работат како што треба и да останат колку што може поздрави.

 

Внесувајте многу вода, но не претерувајте, бидејќи нема да ви помогне да внесувате многу течности отколку штое потребно. Ниедна студија не докажала дека претераното консумирање вода е ефикасно за подобрување на работата на бубрезите. Значи, иако е секогаш добро да се пие доволно вода, повеќе од вообичаените шест до осум чаши дневно најверојатно нема да им помогнат на бубрезите за подобро да работат.

 

Јадете здрава храна. Бубрезите можат да толерираат широк спектар во навиките во исхраната, но повеќето проблеми со нив настануваат како последица од други здравствени проблеми, како што се висок крвен притисок и дијабетес. Затоа е важно да се храните здраво и умерено, за тежината и крвниот притисок да ги држите под контрола. Спречувањето на настанокот на дијабетес и висок крвен притисок ќе им помогне на бубрезите да останат во добра состојба.

 

Вежбајте редовно. Ако сте здрави, вежбањето е добра идеја затоа што, како и здравата исхрана, редовната физичка акивност може да го спречи дебелеењето и високиот крвен притисок. Сепак, водете сметка за тоа колку вежбате, посебно ако немате кондиција. Префорсирањето на тренинзите може да биде напорно за бубрезите.

 

Бидете внимателни со суплементите и растителните екстракти. Претераната употреба на витаминските суплементи и одделни растителни екстракти може да биде штетна за бубрезите. Разговарајте со својот доктор за било какви витамини или екстракти кои планирате да ги користите.

 

Престанете да пушите. Тоа може да ги оштети крвните садови, што го намалува дотокот на крв во бубрезите, кои поради тоа не можат да функционираат на оптимално ниво. Пушењето исто така го зголемува ризикот од висок крвен притисок, како и ризикот од рак на бубрезите.

 

Не претерувајте со лековите кои се издаваат на рецепт. Вообичаените таблети кои се добиваат без рецепт, како што е ибупрофенот, можат да предизвикаат оштетувања на бубрезите ако се земаат редовно подолг временски период. Ако имате здрави бубрези и ги користите овие лекови повремено против болки, тие не претставуваат ризик, но ако ги пиете против хронична болка или артритис, треба да разговарате со својот доктор за да следи што се случува со вашите бубрези.

 

Ако сте во ризичната група од болести на бубрезите, одете на редовни прегледи. Ако имате дијабетес или висок крвен притисок, вашиот доктор треба да проверува дали бубрезите ви работат нормално како дел од рутинската процедура во превенцијата и раното откривање на овие заболувања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина