Некои џвакаат гуми за џвакање само затоа што го сакаат нивниот вкус. Некои, пак, велат дека тие ги ослободуваат од стресот, други дека им ја намалуваат желбата за храна. Ако и вие сте љубители на мастиките за џвакање, мора веднаш да се ослободите од оваа навика, бидејќи постојат многу причини зошто тие треба да завршат во канта за отпадоци наместо во вашата уста.

1. Џвакањето гуми за џвакање може да доведе до синдромот ТМЈ во вилицата

Доколку пречесто џвакате гуми за џвакање, може да предизвикате болна хронична болест позната како ТМЈ. Колку повеќе џвакате, толку повеќе ги оптоварувате мускулите на вилицата, што доведува до болка. Исто така, можете да зваршите со болки во увото, главоболка и забоболка.

2. Гастроинтестинални проблеми

При џвакањето на гума за џвакање, се голта отповеќе воздух и тоа може да доведе до надувувања во стомакот и болки. Оној миг кога почнувате да џвакате, вашето тело добива сигнал дека во желудникот треба да влезе храна и почнува да ослободува киселина и ензими. Стомакот ќе произведува киселина, но нема да има храна за варење. Тоа ќе доведе до надуеност и дијареја, како последица на содржината на вештачките засладувачи што ги содржи гумата за џвакање – сорбитол и манитол. Тука е присутен како негативна појава и синдромот на иритирано црево – воспалителна болест на цревата, која се карактеризира со болки, грчеви во стомакот и со промена на работењето на цревата.

3. Оштетувања на забите

Дури и без шеќер, гумите за џвакање можат да ги оштетат забите. Тие содржат во себе кисели ароми, кои можат да доведат до ерозија на забите. Соматолошката ерозија е всушност процес на постепено нарушување на забната глеѓ, која доведува до оштетување на забите.

4. Овчи нуспроизводи

Гумите за џвакање исто така содржат и ланолин, која е восочна материја изработена од волната на овците. Оваа супстанција не е здравствено опасна, но не е баш вкусна.

5. Гумата за џвакање ја извлекува живата од вашите пломби

За оние кои имаат пломби, гумите за џвакање можат до доведат до ослободување на неуротоксинот од пломбите. Една студија покажала дека гумите за џвакање ја забрзува брзината на ослободување на жива пареа од пломбата на забите. При секое џвакање на гума за џвакање, се ослободува оваа пареа и влегува во крвотокот.

6. Ќе јадете повеќе лоша храна, а помалку овошје

Гумата за џвакање често се препорачува пред јадење за да се намали гладот, односно за да се јаде помалку. Но, докажано е дека тоа не само што немало никакво влијание на количината внесени калории, туку оние кои џвакале гуми за џвакање со вкус на ментол јаделе помалку здрава храна, како на пример овошје, а повеќе нездрава храна, како што се слатките и чипс. Истражувачите веруваат дека тој “минт” вкус од гумата за џвакање им даваат одбоен на овошјето и зеленчукот.

7. Гумите за џвакање предизвикуваат стрес и главоболка

Едно неодамнешто истражување спроведено во Велика Британија, чии испитаници биле тинејџери, како група која најмногу троши гуми за џвакање, покажало дека претераното џвакање предизвикува стрес во темпоромандибуларниот дел од главата, односно во месото каде черепот се спојува со вилицата. Освен тоа, опасната состојка во гумите за џвакање – вештачкиот засладувач аспартам, е причина за зачестените главоболки кај адолесцентите и децата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина