Сигуро сте забележале дека некои фитнес тренери имат способност да направат големи атлети и спортисти.Ова не е случајност или некоја коинциденција, затоа што тие се водат по  7-те закони на фитнесот.Ги разбираат тие закони и ги применуваат во секоја програма.

 Кои се тие закони?

Има неколку закони кои мора да ги следите.Тоа не се препораки,сугестии,ниту пак совети,туку се ЗАКОНИ.

А никој не е над законот нели?

 

1.Закон за индивидуални разлики

Сите ние имаме различни способности,различно тело, и различни слабости и предности,и секој од нас различно реагира(до одреден степен) на една иста фитнес или бодибилдинг програма.Затоа сите овие разлики треба да се земат во предвид кога се прави една фитнес или бодибилдинг програма.

 

2.Закон за компензирање.

Природата не останува должна.Кога тренирате со тежини таа ви и враќа со поголеми и појаки мускули.

 

3.Закон за преоптеретување

За да ја натерате природата да ви се раздолжи мора да ги оптоварите мускулите повеќе од тоа што се навикнале.Доколку секој тренинг ви е со ист интезитет тогаш по некое време мускулите се навикнуваат.

 

4.Закон за САНП-(Специпфична адаптација за наложена побарувачка).

Секој мускул или орган реагира различни на различни видови на оптеретување.

 

5.Закон за користење/некористење

Оваа значи дека кога ги оптеретувате мускулите тие хипертрофираат,а а кога не ги користиме атрофираат.

 

6.Закон за САП(Сидром на адаптација).

Овој закон вели дека по завршување на трениниг со висок интезитет мора да има период на низок интезитет или одмор за да му дозволите на вашето телото се регенерира.

 

7.Закон за специфичност.

Овој закон вели дека за да бидете подобар во некоја дисциплина треба да правите вежби кои ќе ви помогнат во тоа.Ако сакате да бидете подобри во чучњеви,правете чучњеви,не ја користете пресата ,ако сакате да трчате маратон тогаш џогирајте.Нема да станате подобри на маратонот ако вежбате чучњеви.

 

Секоја фитнес програма треба да ги почитува овие 7 закони.Најтешкиот дел е да знаете кога и колку треба да се измени програмата а сепак да остане во рамките на законот.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.