Ако досега не го имате исфрлено глутенот од исхраната, веројатно сте размислувале барем за тоа. Отприлика една третина од Американците сака да го намали консумирањето на глутен или целосно да го елиминира, но повеќето од луѓето не ни знаат што е тоа глутен – вид протеин кој се наоѓа природно во житарките како пченицата, булгурот, јачменот и ржта – и многу се збунети околу тоа дали ќе имаат полза ако го исфрлат. Некои веруваат дека мора да се одбегнуваат сите јагленохидрати, други дека со безглутенската диета ќе ги стопат килограмите.

Мит: Сите треба да се придржуваат до безглутенска исхрана
Вистина: Водете се според сопственото тело и симптоми
Постојат две групи на луѓе кои апсолутно мора да го исфрлат глутенот од исхраната. Оние со дијагноза на автоимуната болест целијакија треба строго да го одбегнуваат, бидејќи само и мали количини предизвикуваат оштетување на чувствителните цревни ресички, ситните израстоци кои го обложуваат тенкото црево. Кога тие се оштетени, не можат правилно да ги апсорбираат хранливите материи, што може да доведе до болки и екстремен замор.

Мит: Со исфрлање на глутенот телото губи клучни нутритиенти
Вистина: На вашето тело не му треба глутен
Глутенот е вид на протеин, а протеини можат да се добијат од многу други намирници, така што можете да се откажете од него дури и ако не предизвикува никакви последици. Добро испланирана исхрана без глутен може да биде паметна стратегија за подобрување на квалитетот на вашата исхрана. Тоа вклучува купување на помалку преработена храна и консумирање на свежи намирници богати со влакна, а веќе самиот тој чекор е добра насока кон правилна исхрана.

Мит: Безглутенската исхрана помага во слабеењето
Вистина: Некои луѓе губат, а некои добиваат по некој килорам
Секојпат кога ќе отстраните некоја намирница од исхраната, постои опаснот дека ќе ја замените со полоша и кое ќе ви го отежни процесот на слабеење. Многу лесно да се навали на грицки без глутен, како што се колачиња и чипс, мислејќи дека се храните здраво. Некои луѓе тогаш почнуваат да јадат поголеми порции затоа што сметаат дека и онака јадат здраво, па нема никкава штета (ама калориите и понатаму се сметаат).

 

Мит: Поздравате се со јагленохидратите
Вистина: Овој вид на исхрана не предвидува исфрлање на јагленохидратите
Компирот, тиквичките и мешунките (грав, грашок и леќа) се намирници без глутен од кои не морате да се откажете. Грицкањето печена леблебија наместо переци од бело брашно е многу подобро. Заменете го сенаменското брашно со брашно од јачмн, а наместо шпагети послужете шпагети од тиквички и тиква. Со ваквата замена можете да го подобрите вашиот внос на влакна и протеини, да обезбедите широк спектар на антиоксиданси, витамини и минерали и да го намалите консумирањето на калории.

Мит: Заборавете на житарките
Вистина: Киноата, кафеавиот орис и другите житарки не содржат глутен
И понатаму можете да јадете киноа, кафеав ориз, хељда, пченка, амаранти просо. Замената на рафинираните житарки кои содржат глутен со безглутенски житарки од цело зрно е алтернатива која ќе го подигне консумирањето на влакна и ќе придонесе за вашето здравје. Замените се едноставни: наместо булгур одберетее киноа или просо, а белат атестенина подготвена од рафинирано брашно заменете ја со безглутенски житарки, како што се кафеавиот ориз и киноата.

Мит: Не можете да мамите ако сте на бзглутенска исхрана
Вистина: Можете да бидете несовршени (освен ако немате целијакија или печувствителност на глутен)
Можете ли понекогаш да мамите и да посегнете по храна која сепак содржи глутен? Ако оваа промена сте ја направиле за да се храните поздраво, нема ништо лошо во тоа ако понекогаш во својата исхрана вклучите намирници кои содржат глутен, се додека не се чувствувате лошо. Меѓутоа, кај оние кои имаат целијакија или пречувствителност на глутен, единствено решение е во целост да го одбегнуваат глутенот.

Мит: Глутенот го има само во житарките
Вистина: Глутен може да има во различни намирници, во кои се додава за да ги згусне или да го стабилизира производот
Бидејќи не е задолжително на пописот на состојки да се истакнува името на глутенот, неговото откривање понекогаш е вистинска детективска работа. Но можете да го избегнете ако ги читате ситните букви на производите. Прво, проверете дали содржат пченица, рж или јачмен. Потоа барајте ги дериватите на таа храна, како што се лебни трошки, слад или пивски квасец. Изненадувачки извори на глутен ги вклучуваат супите, замените за месо (како сејтан или веге колбаси), енергетските пијалоци, чипсот и соја сосот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина